Skip to content
професори-и-студенти-скала

„Скала“ дел од највисокото „друштво“!

Нашите студенти заедно со своите ментори, месецов од 14 до 23 јуни ги изложија своите дела во галеријата на МКЦ во рамки на изложбата: „Професори + студенти“. 

 

Привилегија е да си Скалаџија! Втора година по ред сме дел од најпрестижната студентска изложба, како единствен претставник од неформалното образование, помеѓу сите државни и приватни факултети за дизајн и уметност.

Од Академијата за графички дизајн, менторот Зоран Кардула се претстави со филмски постер „Dune“, додека од студентите се претстави Марија Шестакова со својот филмски постер „Cinema Paradiso“. Потоа, од Академијата за визуелни уметности, се претстави уметничкиот двоец сочинет од Дејан Џолев и Ана В’чкова, со фотографијата „И не им беше срам“, и студентот Стефан Божиновски, со својот авторпортрет на „Жива марионета“, проект од предметот Фотографија. Со свои дизајни се претстави и Академијата за моден дизајн со менторот Александар Ношпал и неговиот дизајн за Тамара Тодовска и настапот на Евровизија, како и студентката Михаела Штерјова, со својот аутфит од колекцијата „Улици“, како дел од проектите на Академијата.

Изложбата е во организација на Младинскиот културен центар и финансиска подршка на Град Скопје. Годинава се одржува по втор пат по минатогодишната, со тенденција да стане брендиран настан на МКЦ.

 

АПЛИЦИРАЈ ЗА СТИПЕНДИЈА 

на следниот линк

 

 

На изложбата се претставени дела на универзитетски професори и студенти од следниве факултети и школи: Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за дизајн и мултимедија на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, Факултетот за уметност и дизајн на Интернационалниот Балкански Универзитет, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет Скопје, Ликовна академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Факултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово и „Скала“ – Школа за дијзан и уметност.

Самата бројка на застапени институции, како и на различните академските програми што тие ги нудат, говори многу за промената и за развојот на културната и ликовната свест во Македонија во изминатите сто години, а истовремено, и за сегашното високо ниво на уметничката и академската култура во нашата земја. Изложбата „Професори и студенти“ е амалгман од разни дела и место каде што се спојуваат ликовните гласови на уметници од различни уметнички академии. Поради тоа слободно може да кажеме дека овој еклектичен собир е одреден вид на прослава на разни дискурси што ја дефинираат современата уметност, каде секој уметник придонесува со својата лична визија. Тоа што веднаш плени на изложбата е разноврсноста на уметничките техники на изложените дела.

 

 

Основата, сржта на овој проект е заедничкото претставување на дела на професори и на нивните студенти. Меѓутоа, поради групното прикажување избраните дела, статусните разлики што постојат во ателјеата на академиите и школите, разликите помеѓу професор и студент, помеѓу ментор и ученик, овдека ги нема. Делата се поставени на ѕидовите и сега тие „говорат“, при што се појавува и еден друг дијалог што ги надминува поделбите на разни академски институции а со тоа ја збогатува и уметничката култура на нашата земја.

 

АПЛИЦИРАЈ ЗА СТИПЕНДИЈА 

на следниот линк

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: