Skip to content

Проектот „Ништо не ти е“ – Академија за графички дизајн

 

Зборувавме со Сара Фиданоска, Анастасија Димкова, Андреј Крстевски и Александра Стојковска за нивниот семестрален проект од предметот Применета фотографија во дизајн, под водство на менторот Дејан Џолев, каде што успешно ги спојуваат главните сегменти во графичкиот дизајн – идеја и реализација со порака.

 

Студентите имаа за задача да детектираат општествен проблем, а потоа да развијат концепт за визуелно графичко решение коешто ќе го применат во дизајн на постер.

Проблемот којшто нашите студенти го ставија во фокус произлегува од нивните искуства и разочарувања од здравствениот систем. Па така „се роди“ проектот „Ништо не ти е“ како инспирација за промена и критика кон здравствениот систем.

 

 

скала-џолев-академија-графички-дизајн-студенти-проект-постер

 

При процесот на креирање, се соочивме со…

 

Александра: На фотографскиот сет поминавме супер, сите имавме определена задача којашто ни го олесни процесот. 

Сара: Слоганот „Ништо не ти е” го имавме уште на почетокот, но првичната идеја за фотографиите ни беше комплетно различна. Во нашата првична замисла беа вклучени модели и многу екстреми/апсурдни реквизити, но на крајот заклучивме дека минималистичко решение со само употреба на главните реквизити како апарат за мерење притисок или топломер, ќе бидат доволни да ја доловат нашата главна идеја.

Андреј: Имавме супер координација. Тоа резултираше со одлични резултати.

 

 


За соработката со менторот би сакал/а да кажам…

Анастасија: Тоа коешто мене ми остави впечаток во процесот од менторот е постојаната достапност, поддршка и совети за било кој дел од процесот.

Александра: Помошта и насоките коишто ги добивме на фотографскиот сет и во постпродукцијата на фотографиите имаат голема улога во крајниот резултат.

Сара: Од особено значење беше посветеноста на менторот во процесот на развивање на идејата!

 


ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија

 

скала-џолев-академија-графички-дизајн-студенти-проект-постер

 

Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на Академијата за графички дизајн

Андреј: Остварете го вашиот потенцијал! Не плашете се од предизвици и излезете од вашата комфор-зона.

Александра: Академијата е вистинското место доколку уживате во дизајнот. Секако, треба да вложите доста време и посветеност, но резултатите се неизбежни. Посакувам Академијата да траеше подолго, бидејќи дружбата што ја имавме како група со сигурност ќе ми недостасува.🙂

Сара: Мојата година во Академијата за графички дизајн беше незаборавна и исполнета со многу прекрасни (и понекогаш и стресни) искуства. Презадоволна сум од сѐ што научив и од сите кои ги запознав… Животот може целосно да ви се промени на многу добар начин! Другарски совет – запиши се веднаш!

Анастасија: Сега е вашето време! Време е да експериментирате и да му покажете на светот колку вредите.


Дечки ви благодариме за споделеното искуство и импресии, а вие драги читатели следете нè и запознајте се со останатите проекти на нашите студенти!


https://djolevandthearts.edu.mk/academy/akademija-graficki-dizajn/

 

 

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: