Што би значело да бидете „продукт-оунер“ во една компанија? Вака од прва, преводот директно би се однесувал на „стопанисување“ со одреден производ. Во целина, значењето е тоа, меѓутоа со различно објаснување на процесот во кој улогата на оваа позиција е важна.
„Продукт-оунер“ е всушност „визионерот“ кој мора да ја има на ум целосната слика за продуктот кој е во развој. Да ги има предвид сите можни агли од целосната слика. Тој го следи процесот и е медиум преку кој потенцијалниот клиент и тимот кој е задолжен за реализација на бараното, треба да постигнат заеднички резултат.
Освен ова, тој е задолжен и за супервизија, односно надгледување на процесот, следење рокови… Токму за оваа тема позборувавме со Дарко Поповски, завршен студент на програмата за Product Owner и млад човек со многу интересна позадина. Имено, тој студира дипломатија на меѓународни односи и истовремено софтверски инжинеринг. Од денес и иден Product Owner 🙂
Дарко го гради своето искуство во оваа област токму поради еден клучен фактор: широко гледање на нештата. Иако „продукт-оунер“ како професија се поврзува најчесто со ИТ-компании и потребите за големи проекти како интерфејс или софтверски решенија потребни за внатрешните уредувања на операциите и процесите во организациите, тој ни даде и поголема визура за оваа професија.
За сѐ има почеток. За сѐ постои објаснување. За сѐ постои и начин на кој може да дознаете и научите повеќе, а тоа е нa Aкадемијата за Product Owner.
Работев на софтвер за потребите во компанијата во која сум вработен и се склопија коцките – бев во процесот на креирање на софтверот токму како „продукт-оунер“, гледајќи ја целосната слика на продуктот уште додека беше во развој.
Јас сум „мостот“ помеѓу програмерите/кодерите и клиентот – вели.
Го прашавме што значи позицијата, каков е предизвикот, но и задоволството да се биде во една таква улога. Тој ни одговори:
Дефинитивно е предизвик! Се работи за конкретна работа со различни типови луѓе, карактери, барања…. И во самата компанија има посебни тимови со коишто треба да се соработува и сите имаат различна визија за она што го работат. Мојата позиција е да најдам заедничка точка во која сите овие различни гледишта ќе се спојат и ќе почнат да дејствуваат, за взаемна соработка и успех.
Кодирањето наспроти клиентот со барање и „продукт-оунерот“ како „преведувач и посредувач“.
Кога клиентот има конкретна замисла за одреден продукт, во однос на софтверски решенија, дивелоперот е оној кој го „пишува“ целиот изглед, но барањата на клиентот треба да се „преведат“, а тоа го прави – „продукт-оунерот“. Дарко вели дека во неговата работа, тој ја има моќта да одлучи дали некое барање е остварливо или не. Покрај тоа што „продукт-оунерот“ е визионерот за продуктот кој е во развој, тој е и негов проценител – дали финалното решение ќе биде функционално, оптимално и корисно за потребата за која е направено.
Го прашавме што е инспиративно во оваа работа, која на многумина може да им делува апстрактна.
Особено е инспиративна затоа што станува збор за спојување на неколку различни сегменти во еден правец во работењето и големо е задоволството кога ќе излезе продукт кој е функционален, потребен и корисен на крајните корисници. Посебно сум среќен кога ќе сфатам дека со креирањето на конкретни продукти во здравствениот систем, на пример, помагаме на многу луѓе и цела една заедница. Самиот склоп на толку многу луѓе и темпераменти дава една хумана димензија во која „продукт-оунерот“ директно се инспирира да го „тера“ процесот.
ШТО Е SCRUM, ШТО Е АGILE?
SCRUM и Agile наједноставно речено се методи на работа или техники со кои се извршуваат сите одделни процеси во еден развој на продукт со одредени правила кои треба да се следат. Преку нив комуникацијата и работата треба да тече глатко и секој SCRUM или Agile тим си ги знае конкретните задачи за работата да тече непречено. Сите сегменти од работата се во одредени временски рамки и се следат роковите, со цел да се биде ефикасен и експедитивен.
Го прашавме Дарко и во однос на интересот за професијата: колку е барана и дали всушност, „продукт-оунерот“ е must have во секоја софтверска компанија…
Би рекол дека во наши услови овде, компаниите не се свесни дека им е потребен product owner во „редовите“ на своите вработени. Многу пати продуктите долго време се нереализирани, токму поради немањето на конкретен менаџмент кој треба да го следи тој процес. Оваа работа е навистина одговорна, но е одличен начин за развивање на личните вештини, комуникациски и дипломатски 😊
БИДИ И ТИ ДЕЛ ОД ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ЕДИНСТВЕНАТА АКАДЕМИЈА ЗА PRODUCT OWNERS ВО МАКЕДОНИЈА!
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! ПОЧЕТОК: 21 НОЕМВРИ
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ТУКА. КОНТАКТ ИНФО: 076 266 740