На 16 октомври започна новата учебна година! Првиот aкадемски час го следеа +100 студенти на aкадемиите за дизајн во „Скала“.
Професионалниот развој на новата генерација студенти започна со основите на естетиката и теоријата на дизајнот. Токму затоа, студентите уште на првиот час имаа можност да се запознаат со едни од најзначајните лица од областа на дизајнот и тоа, редовниот професор на Факултетот за драмски и ликовни уметности, проф. д-р. Небојша Вилиќ и деканката на Факултетот за арт и дизајн, проф. д-р. Гордана Вренцоска.
Како лидери за квалитет во неформалното образование, наша одговорност е да го одржуваме стандардот за најдоброто и најквалитетното. Студентите ги следат предавањата со физичко присуство, бидејќи само така може да се постигне културолошко зближување, социјализација и секако, networking меѓу студентите и менторите. Најкреативните идеи и долги соработки настануваат токму при физички средби каде што се разменуваат искуствува, вештини и меѓусебно запознавање, но секако како високо технолошко образовна институција, студентите кои не се во можност да присуствуваат физички на настава, им е овозможено онлајн-приклучување.
Возбудата за почетокот на новата академска година беше сеприсутна, како помеѓу студентите, така и меѓу менторите кои радоста за полните училни, не можеа да ја сокријат.
Како што напомена проф. Вилиќ со насмевка на лицето, „Пред волку полна училна одамна не сум држел предавање“.
Студентите и менторите имаа можност да се запознаат меѓусебе и да си споделат импресии и искуства како и да позборуваат за очекувањата за претстојната академска година.
Им посакуваме среќна и успешна академска година на новите студенти. Трпеливо го следиме нивниот креативен раст и развој и едвај чекаме да ги видиме во полно светло на дизајн-сцената.
♥︎
Уписите за наредната академска година се во тек, аплицирајте и бидете дел од најголемата креативна заедница!