Skip to content
скала-академии-дизајн-технологија-студенти-презентираат-пред-компании

ПОВРЗУВАЊЕТО НА НАШИТЕ СТУДЕНТИ СО КОМПАНИИТЕ ПРОДОЛЖУВА

 

Студентите од Академиите за дизајн (графички дизајн, моден дизајн и визуелни уметности) јавно се претставија преку своите порфолија, пред главните менаџери на најзначајните македонски маркетинг и адвертајзинг агенции, дизајн студија, модни атељеа и конфекции, видео и фото продукции, медиуми…

„Согласно профилот на студентите се избираат компании. Кај нас праксата не е за потпис, туку истата има за цел да им служи и на компаниите и на студентите. Компаниите добија кандидати согласно нивнте потреби и можности за идни вработувања, а студентите работни средини согласно нивниот личен профил и цели во градењето на својата лична кариера.“ – Крсто Златков, ментор на предметот Кариера и генерален менаџер на Школата.

 

Оваа година нашите студенти ќе одат на пракса во: New Moment – Skopje, Publicis, Division, Koma Design Studio, Igor Delov Studio, Skala Magazine, Џолев и уметностите, Happiness marketing / Srekja.mk, Novaton Group,  Seavus Group  IT, Element PR, hashtag our stories, SOLS, Navigators, Macedonia-Export, Elena Luka, Кokev, Bella, Matra.

Во септември нè очекуваа најголемата студентска изложба за дизајн и моден викед Скопје!


Уписите за новата генерација (2021/22) се во тек!
Дознај повеќе > https://djolevandthearts.edu.mk/academy/
                              https://idt.mk/edukacija/

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: