Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје и Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ започнуваат програма за стипендирање, каде што за првпат во процесот на стипендирање се вклучуваат и компаниите. Оваа пилот-програма започнува со Академијата за UX/UI plus, којашто е проширена и го опфаќа целокупниот развој и дизајн на софтверски решенија базирани на веб, покривајќи ги едни од најбараните работни позиции на денешницата: UX/UI дизајнер, WordPress и Front – End девелопер.
ПОВИКОТ ЗА СТИПЕНДИИ Е ОТВОРЕН ДО 28 МАРТ.
АПЛИЦИРАЈ ТУКА.
„Поддршката се однесува на 6 поединечни стипендии коишто покриваат 30, 50% и 100% од износот на изучувањето на оваа десетмесечна академска програма. Поради фактот што постои недостиг на кадар, кој треба да се адаптира во една динамична средина со голем број проекти за клиенти од различни континенти (поврзани со развој на веб-апликации), компаниите од индустријата се вклучија со директно стипендирање на студентите со тоа што по завршување на академијата, истите ќе бидат дел од овие работни средини. На овој начин, идните студенти се подготвени да работат согласно потребите на работодавците, а за возврат добиваат нови лојални вработени подготвени практично да се доусовршуваат“, изјави Крсто Златков, генерален директор на Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје.
СТИПЕНДИИ:
На кандидатите со 50% и 100% стипендија ќе им биде понудено загарантирано вработување. Ќе бидат доделени вкупно 6 стипендии, од кои:
➧ x3 30% СТИПЕНДИИ од IDT Скопје
➧ 50% СТИПЕНДИЈА од Алтиус Солушнс
➧ 50% СТИПЕНДИЈА од Навигаторс
➧100% СТИПЕНДИЈА IDT Скопје
Кандидатите кои ќе аплицираат, ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите од академиите пред кои ќе имаат можност да се претстават преку интересот за личен развој и преквалификација или преку портфолија и дела за понатамошно надоградување во дејноста од интерес.
Возможни се два типа на интервју (поделени во две различни категории) и тоа: кандидати со искуство од дејноста и кандидати без претходно искуство. Двете категории имаат различен систем на вреднување.
Повикот е отворен до 28 март. АПЛИЦИРАЈ ТУКА.
АКАДЕМИЈА ЗА UX/UI plus. Погледни ги сите детали за програмата, менторите, начинот на одржување на часовите и можностите за кариера: https://idt.mk/programa/ux-ui-academy/
Ве очекуваме!
Повеќе информации:
076 266 740
[email protected]
[email protected]
НАША ДОЛЖНОСТ Е ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕМЕ КВАЛИТЕТИТЕ НА СЕКОЈ СТУДЕНТ!