Студентите испрашуваат – менторите одговараат!
„Студент VS Ментор“ е нашата нова видео-рубрика, каде што студентите на SKALA School [поранешно „Џолев и уметностите“] имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.
АКАДЕМИЈА: Графички дизајн [погледни повеќе]
ПРЕДМЕТ: Методологија на дизајн
МЕНТОР: Гордана Вренцоска
СТУДЕНТ: Немања Пејиќ
— —
Гордана Вренцоска е дипломирана сликарка и уметничка со широк распон на креативните крилја. Таа е основач и претседател на Македонскиот совет за дизајн. Автор е на познатиот плакат за Скопскиот џез-фестивал во 2002 година и визуелниот идентитет за Скопскиот филмски фестивал во 2008 година. Ја доби престижната стипендија Чивнинг каде што магистрирала дизајн на Central Saint Martins School of Art & Design.
Во 2014г., доби и реномиран грант за уметници од фондацијата Pollock-Krasner, Inc. од Њујорк. Победничка е на натпреварот за дизајн на шапка којшто го распиша британската компанија за чај, Тwinings. Авторка е на бројни уметнички и дизајнерски проекти, стручни и научни текстови, како и на книгата „Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“. Изложувала свои дела во многу европски и светски градови.
Редовен професор е по Визуелна уметност и дизајн и деканка на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје, како и Менторка на предметот “Методологија на дизајн” на Академија за графички дизајн во Скала.
VS.
Немања Пејиќ, љубител на уметноста и фотографијата, своето средно образование го завршува во Државното средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“, на смерот сликарство. Денес е студент на Академијата за графички дизајн при Школата за дизајн и уметност – Скала, додека пак, во своето слободно време е тату-артист.
— —
ТВ-РЕДАКЦИЈА
РЕЖИЈА: Мартин Чичовски
КАМЕРА И ТОН: Ана В’чкова
МОНТАЖА: Мартин Чичовски
АНИМАЦИЈА: Андријана Антова
АСС. Немања Пејиќ
SKALA SCHOOL
2023