Ментор на Академијата за Визуелни Уметности.
Зоран Кардула е македонски графички дизајнер и ликовен уметник. Еден од најхиперпродуктивните артисти.
Досега учествува на различни конкурси, меѓу кои на конкурс за дизајн на накит за „Swarovski“ и „INYO“.
Победник е на постер-натпреварот на Латино- филмскиот фестивал.
Во ноември 2017 година има изложба на постери на тема „Soviet Neo-Constructivist Propaganda“ во САД.
Во јануари 2018 година во Рим ја претставил „Изложба без жири“, поставка на 40 негови дела кои биле редизајн на симболите кои ја одбележаа социјалистичката ера на Југословија.
Идејата на редизајн на Југословенските симболи, логоа и дизајни доаѓа добрите дизајнери кои постојат од времето во кое расте. Желбата е во овие чудни времиња со кои се справува Балканот да ги потсети луѓето на некои мали нешта за кои ги врзуваат убави спомени.
Во 2017 година издава и книга, „Гуш и Бац”, која е создадена од зборовите на неговата аутистична ќерка Ерато. Книгата содржи измислени 47 зборови на Ерато, преведени на 19 јазици, како и 47 илустрации на нејзините зборови создадени од 33 креативци.
Најново од “кујната” на Зоран Кардула е официјалниот постер за овогодишниот Скопје Џез Фестивал.
Споделуваме дел од нашите омилени негови дела.
Комбинација од мастило и дигитален колоринг Комбинација од мастило и дигитален колоринг
Комбинација од мастило и дигитален колоринг Комбинација од мастило и дигитален колоринг
Редизајн на Екс-Ју дизајн Редизајн на Екс-Ју дизајн Редизајн на Екс-Ју дизајн
Македониум Македониум Македониум
Футуристички дизајн на Екс-Ју споменици Футуристички дизајн на Екс-Ју споменици
Скопје Брутализам Скопје Брутализам