Новата генерација студенти ја започна својата прва учебна недела!
Честа и одговорноста да го отворат циклусот на предавања, им припадна на универзитетските професори: проф. д-р Небојша Вилиќ, проф. д-р Гордана Вренцоска и проф. д-р Димитар Јовевски, заедно со докажани професионалци со повеќе од дваесетгодишно искуство како: Илија Паунков, Игор Георгиоски и Дејан Џолев. Ова ја потврдува посветеноста на „Скала“ кон внимателно создавање на наставен и менторски кадар, кој ќе им постави цврсти темели за развој во најзначајните професии на иднината.
Академија за дигитален маркетинг-нови можности
Како лидери за квалитет во неформалното образование, наша одговорност е да го одржуваме стандардот за најдоброто и најквалитетното. Секоја година, воведуваме новитети и во тек сме со иновациите коишто ги подготвуваат студентите за предизвиците на иднината. Па така, започнаа предавањата и на новата Академија за дигитален маркетинг со воведните часови на менторот Димитар Јовевски-университески професор, партнер и бизнис-дивелопмент директор во „Пиксел“, каде што студентите имаа можност да се запознаат со основите на традиционалниот, дигитален маркетинг.
И покрај тоа што студентите имаат можност да ги следат предавањата хибридно, училниците беа полни со студенти, кои со нетрпение ја чекаа можноста да се запознаат со динамичниот свет на креативните индустрии. Нивната посветеност веднаш на почетокот на програмата, е јасен показател за нивната желба да стекнат нови знаења и вештини коишто добро ќе ги „потковаат“ за успешна кариера.
Возбуда и почеток на нова заедница-креативци
Ентузијазмот беше опиплив во училниците, каде што студентите и менторите со нетрпение ја започнаа новата академска година. Радоста од полните училници и можноста за меѓусебно запознавање и споделување искуства, беше видлива на секој чекор. Студентите и менторите активно разменуваа идеи и разговараа за своите очекувања за претстојната година, создавајќи креативен и продуктивен амбиент.
„Скала“ прерасна во расадник на професионалци за потребите на индустријата
Во „Скала“ веруваме дека успехот на студентите не завршува со последниот час. Преку внимателно изградени партнерства со компании од креативните и технолошките индустрии, ги отвораме вратите за пракси и вработувања, создавајќи мост меѓу образованието и професионалниот свет. Оваа стратегија дава конкретни резултати – над 90% од студентите со просечен успех А или Б веќе се вработени, основале свои бизниси или го продолжиле образованието. Со секој нова генерација потврдуваме дека „Скала“ е повеќе од школа – таа е расадник на таленти кои ги поставуваат темелите за иднината на индустријата.
Среќно!
Им посакуваме среќна и успешна академска година на новите студенти! Веќе со нетрпение, очекуваме да ги гледаме како ги надминуваат своите креативни граници и да ги освојуваат врвовите на дизајн-сцената. Нивниот потенцијал е неограничен, а ние сме тука да ги поддржиме во секој чекор од нивниот развој.