И ова лето ве покануваме на дизајн-коктели, зачинети со технологии-апетисани, отворени денови на кои ќе ве запознаеме со нашите ментори и академски програми за 2022/23 година, можностите за кариера и сите прашања и дилеми кои ги имате во врска со Академиите за моден дизајн, графички дизајн, визуелни уметности, UX/UI + дизајн и ентериер и продукт дизајн.
ПРИЈАВУВАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО со регистрација на следниов ЛИНК.
🍸
Временско мени: Се сместуваме мерачки до 18:00 и порачуваме коктел по избор!
Отворена дискусија и размена на лични искуства со дел од предавачите на Академиите:
На 24 ЈУНИ • Академија за МОДЕН ДИЗАЈН; // почеток: 18:00 часот
- Никола Булески – Буле // Академија за моден дизајн // специјалист за конструкција на облека, професор по моден дизајн;
- Ирина Тошева – Академија за моден дизајн // модна дизајнерка и менторка на предметот Бренд Менаџмент.
На 23 ЈУНИ – Академии за ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН, ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ, UX/UI + ДИЗАЈН // почеток од 18 часот
- Дејан Џолев, Академија за визуелни уметности // филмски режисер, визуелен артист, главен уредник на Скала магазин;
- Влатко Ристов // Академија за графички дизајн // Арт директор во New moment – маркетинг агенција;
- Зоран Кардула // Академија за графички дизајн// Графички дизајнер, уметник
- Дејан Милославлески // Академија за UX/UI + ДИЗАЈН/ веб дизајнер и веб дивелопер, основач на ALTUS SOLUTIONS
На 24 ЈУНИ – ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН // почеток од 18 часот
- Апостол Тноковски // Академија за ентериер и продукт дизајн // Индустриски дизајнер и едукатор;
- Илија Паунков // Академија за ентериер и продукт дизајн// Индустриски дизајнер и едукатор.
По секоја средба, следи неформална дружба помеѓу гостите, менторите, предавачите и организаторите од „Скала“- Школа за дизајн, уметност и технологија.
Ве очекуваме 😉
Не пропуштајте: Во моментов е активен и ПОВИКОТ ЗА СТИПЕНДИИ.
>> повикот е отворен за апликации до 30 јуни!
❤️