Skip to content
отворени денови скала дизјан академии маркетинг

Отворен ден во Скала: Истражи ја својата идна професија

Ако си во фаза на размислување што следно со себе – како да го надградиш тоа што веќе го знаеш или целосно да смениш правец и да започнеш нова кариера – ова е вистинскиот момент за да направиш чекор напред.

 

Скала те поканува на традиционалниот Отворен ден, кој оваа година ќе се одржи на 2-ри јули (среда), со почеток во 19:00 часот во Скала, и е наменет за сите што сакаат одблиску да се запознаат со академиите, менторите и реалните можности по завршувањето на студиите.

 

 

Зошто да дојдеш?

Овој настан не е само инфо-сесија – туку комбинација на инспирација, добар разговор, реални искуства и пријатна атмосфера со летни коктели и дружење. Ќе имаш можност:

  • Да разбереш како изгледаат академиите одвнатре
  • Да се информираш за програмите, динамиката и методологијата на предавањата
  • Да ги запознаеш менторите лично и да им поставиш прашања
  • Да дознаеш какви се можностите за пракса, вработување и реални проекти

 

ПРИЈАВУВАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО со регистрација на следниот линк – РЕГИСТРИРАЈ СЕ

 

Што те очекува?

Одговори на сите прашања и дилеми околу академиите за:

Дигитален маркетинг [кликни за повеќе]
Графички дизајн [кликни за повеќе]
Ентериер и продукт дизајн [кликни за повеќе]
Видео продукција, анимација и нови дигитални медиуми [клик]
Моден дизајн [кликни за повеќе]
Фотографија [кликни за повеќе]
Ux/Ui+ дизајн [кликни за повеќе]

 

Панел дискусија со ментори од пет различни академии, каде што ќе слушнеш реални приказни и препораки од:

Андреј Павлов [Графички дизајнер, илустратор и аниматор]
Владимир Ристевски [Маркетинг директор]
Илија Паунов [Ентериер дизајнер]
Ирина Тошева [Модна дизајнерка]
Дејан Џолев [Основач на Скала, визуелен артист]

 

Ќе пиеме коктели + финансиски бенефиции за првите 15 пријави!

Првите 15 пријавени добиваат финансиски олеснувања за упис на академиите, а сите гости – освежителен летен коктел по избор (да, дозволено е и репете) 🙂 .

 

ПРИЈАВИ СЕ ТУКА

 

Почуствувајте ја енергичната атмосфера во Скала на последниот отворен ден:



дизајн и коктели отворени денови скала џолев и уметностите

 

скала дизајн графички ентериер внатрешно уредување школа академија

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: