Skip to content
оглас за вработување скала наставен координатор администрација

Огласи за вработување во Скала

Придружи ни се во Скала – најкреативната заедница во градот!

Во потрага сме за двајца нови талентирани соработници кои ќе се приклучат кон нашиот инспиративен тим и ќе ја надополнат позитивната работна атмосфера и ќе ни помогне да ги достигнеме нашите образовни цели, затоа што повеќе од 12 години во Скала ги создаваме најквалитетните кадри во областа на дизајнот и технологијата!

 

ПОЗИЦИИ:

  • Студентски администратор;
  • Наставен координатор.

оглас за вработување скала наставен координатор администрација

Отворен повик 1

ПОЗИЦИЈА: Студентски администратор

 

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

  • Комуникација со странки, обработка на апликации и подготовка на договори за упис во Скала;
  • Подготовка на договори за внатрешни/надворешни соработници, ментори и консултанти во Скала;
  • Логистичка поддршка при наставни активности во рамки на Скала;
  • Директна соработка со административниот тим, редовна комуникација со тимот од настава, надворешните соработници и консултанти ангажирани во Скала;
  • Менаџирање и архивирање на податоци, како и ажурирање на дата-бази.

 

Кои моментални познавања би те издвоиле?

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Добри аналитички способности, уредност и одговорност;
  • Проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати;
  • Способност за работа во тим;
  • Напредни познавања на MS Office и Google Workspace;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

 

Кои претходни искуства би те издвоиле?

  • Завршено високо образование од областа на односи со јавност, менаџмент, правните науки, маркетинг и други комуникациски студии;
  • Завршена академија од областа на човечки ресурси;
  • Претходно искуство во граѓанскиот сектор, волонтерски активности во студентски и невладини организации (за предност се смета доколку тие организации директно биле вклучени во областа на образованието).

 

Дополнителни информации:

Работното време во „Скала“: од понеделник до петок, 09:00-17:00ч.

Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Студентски администратор“ на [email protected] најдоцна до 15.8.2024 год.

 

 

оглас за вработување скала наставен координатор администрација

Отворен повик 2

ПОЗИЦИЈА: Наставен координатор

 

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

  • Организирање, имплементирање и надгледување на наставните програми;
  • Следење и анализа на напредокот на студентите и предлагање стратегии за подобрување;
  • Комуникација со студенти, родители, ментори и други заинтересирани страни;
  • Менаџирање на административнo-наставни процеси;
  • Развивање и ажурирање на наставни материјали и ресурси;
  • Организирање и поддршка на воннаставни активности и проекти;
  • Обезбедување поддршка и насоки на менторите при решавање на предизвици во наставата;
  • Активно следење на образовните трендови и иновации.

 

Кои моментални познавања би те издвоиле?

  • Познавање на aктуелни технологии и образовни платформи,напредни познавања на MS Office и Google Workspace;
  • Лидерски вештини, способност за мотивирање и водство на наставниот тим, како и за управување со проекти и иницијативи;
  • Одлични комуникациски способности за јасна и ефективна комуникација со различни заинтересирани страни, вклучувајќи родители, ученици, ментори и колеги;
  • Способност за креирање иновативни наставни планови и програми.

 

Кои претходни искуства би те издвоиле?

  • Завршено високо образование од областа на менаџмент, правните науки, или завршена академија од областа на менаџмент или човечки ресурси;
  • Искуство во улога на лидер, менаџер во приватен или граѓански сектор (за предност се смета доколку тие активности биле како наставен координатор, директор на настава или друга раководна позиција во образовна установа).

 

Дополнителни информации:

Работното време во „Скала“: од понеделник до петок, 09:00-17:00ч.

Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Наставен координатор“ на [email protected] најдоцна до 15.8.2024 год.

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: