Skip to content
Дејан Џолев доделување дипломи академии за дизајн академска 2023/24

Прогласени најдобрите студенти за учебната 2023/24год. во Скала

Петок 13 🙂 декември ќе остане запаметен како ден на славење на развојот и пријателството. Во неформален амбиент во просториите на Скала, +100 студенти го прославија дипломирањето! Насмевки, обоен џагор и честитки го исполнија  секој агол на просториите, создавајќи атмосфера на единство коешто го прославува заедничкиот успех.

Чоколадо, шампанско, внимателно одбрана музичка програма, ментори и студенти беа собрани заедно на едно место да прослават искачување на многу важна скала од личниот развој.

доделување дипломи и увернија збава академии за дизјан скала

 

доделување на дипломи збава академии за дизајн забава шампанско

 

Музичкото патување го започна DJ Марко Вилиќ, кој преку добро селектиран избор ја постави атмосферата пред почетокот на свеченоста. Додека новиот популарен бенд „Zanadu“ составен од четворица млади дечки со иста визија за новата сцена продолжија да нѐ водат по брановите на свежиот и нов звук, комбинација на различни елементи, вклучувајќи рок, поп и електронски звуци. Всушност, секој настан воСкала претставува едно музичко искуство од напопуларниот алтернативен музички правец.

Марко Вилиќ DJ забава скала доделување дипломи

 

Занаду доделување дипломи скала забава

Дејан Џолев- главен основач и CEO на Скала им се обрати на студентите со искрен и интимен говор, осврнувајќи се на пријателството и истрајноста во процесот на растењето и развојот.

„Скала немаше да биде тоа што е денес без пријателите и нивната несебична поддршка. Низ моето академско патување секогаш сум се стремел кон подобро – подобар од тоа што сум во моментот, подобар од моите колеги, од мојата генерација, па дури и од оние кои доаѓаат по нас или биле пред нас. Здравата конкуренција ме научи многу, но најголемата придобивка од тој натпревар се луѓето кои ги сретнав на тој пат. Колеги кои некогаш беа предизвик, денес се моите најблиски пријатели. Да бидеш присутен и да слушаш активно е од клучно значење, ако денес нешто не ви е јасно или не се согласувате, тоа не значи дека ќе остане така засекогаш. Да се порасне, значи да се прифати дека не секогаш сме во право. Тоа е тежок, но неопходен чекор. Слушајте, учете и вложувајте во себе – Скала е секогаш тука за вас, вие сте тие кои треба да ја изберете.

Дејан Џолев говор доделување дипломи скала акдемии за дизајн

 

Дејан Џолев говор доделување дипломи скала акдемии за дизајн

 

Дипломите и увернијата беа доделени од страна на Ана В’чкова- член на креативниот сектор во Скала, кој често е дел помеѓу студентите и Оливера Матакова – директор на образование и администрација во Скала.

„Во текот на измината година, имавме можност да споделиме многу заеднички моменти, да учаме едни од други и да растеме заедно. Оваа година, ја имав привилегијата да се запознаам со прекрасни креативци, колеги кои придонесуваат за развојот на заедницата секој своите квалитети и доблести.  Затоа, особено ми е драго што денес ја имам можноста да ви се обратам и да ви кажам колку нѐ правите горди со сите ваши досегашни успеси коишто ќе продолжат и понатаму да се множат. Искрено се надевам дека во Скала пронајдовте сигурно место за лична експресија и поддршка, затоа што нашата примарна цел е токму култивација и развој на автентични и креативни умови.“- истакна  В’чкова во своето обраќање до присутните.

Ана В'чкова доделување на дипломи скала акдемии за дизајн

Ана В'чкова доделување на дипломи скала акдемии за дизајн

Покрај доделувањето на дипломите и увернијата се доделија и награди за најдобрите студенти на Академиите за дизајн како и благодарници на студентите кои оваа година дадоа посебен придонес за Скала-заедницата, како во академските клупи, така и надвор од нив.

Најдобрите студенти за академската 2023/24 година се:
Маја Петревска- Академија за UX/UI+ дизајн;
Лука Кузманоски- Академија за визуелни уметности;
Зорица Ставрова- Академија за ентериер и продукт дизајн;
Јана Голабоска- Академија за фотографија;

студенти доделување на дипломи академии за дизајн скала

 

студенти доделување на дипломи академии за дизајн скала

 

Оваа година, на Академијата за графички дизајн и Академијата за моден дизајн беа поделени благодарници за исклучителен придонес.

За најдобар студент на генерацијата беше избрана Зорица Ставрова од Академијата за ентериер и продуктдизајн.

зорица ставрова доделување дипломи академии за дизајн скала

Особена благодарност изразивме на: Стефан Божиновски, Анастасија Попоска, Олгица Тренеска, Милена Петковска и Наташа Латиновска, секој за своите придонеси за развојот на заедницата од различни кретивни и социјални аспекти.

 

Ја прославивме весело и како што доликува-гордо академската година 2023/24 и им посакуваме успех на нашите студенти во сите нивните професионални потфати. Нивната креативност и ентузијазам ќе продолжат да ги носат нови скалила погоре, а ние ќе бидеме тука да ги поддржиме во секој нивен чекор.

 

 

студенти доделување на дипломи академии за дизајн скала

 

студенти доделување на дипломи академии за дизајн скала



 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: