Секогаш сме горди на достигнувањата на нашите студенти, но особено се радуваме кога тие, по завршувањето на 10-месечната академија во „Скала“, се придружуваат на нашиот тим.
Тео Костовски и Марија Шестакова се истакнаа со својот ентузијазам и професионалност за време на студирањето на Академијата за графички дизајн и Академијата за фотографија, а сега се на дополнителна 3-месечна пракса во „Скала“. Тие ги споделија со нас нивните импресии за досегашното искуство.
Студенти од „Скала“ на пракса во нашиот тим
Марија Шестакова е алумни-студентка на Академијата за графички дизајн. Во „Скала“ работи како графички дизајнер и вордпрес-девелопер, под менторство на арт-директорката Андријана Антова.
„Иако работниот ден трае 8 часа, времето поминува брзо кога крај себе имаш прекрасни колеги и преубава атмосфера за работа. А секако, тука е и Бумбарче (мачорот кој живее во „Скала“) за повремени гушки коишто секој ден го прават поубав!“ – вели Марија.
Примарната работна позиција на Тео Костовски, алумни-студент на Академијата за фотографија, е асистент-фотограф, но тој истовремено е вклучен и во процесите на креирање содржина за социјалните мрежи, асистирање на часови по фотографија и глума, снимање и обработка на видеа.
„Не можев да верувам дека ваков вид на академија постои во Македонија, со тие стандарди и таков квалитет на образование. Освен извонредното образование, „Скала“ е заедница на талентирани и креативни умови. Тука ги запознав едни од најљубезните и најмилите личности кои денес ми се колеги и пријатели, без кои не можам да си го замислам секојдневието!“ – вели Тео.
„Скала“ ги оспособува студентите со нови вештини
„Скала“ ги подготвува студентите со нови вештини, отворајќи им пат кон самоспознавање и професионален напредок.
„Одлучувачкиот момент којшто ја поттикна идејата да се запишам на Академијата беше потребата за знаење и раст, како и откривање на сите техники на фотографијата како медиум. Тоа беше доволно само по себе, но го достигнав врвот на ентузијазмот кога сфатив дека ќе бидеме менторирани од Дејан Џолев, заедно со Драги Неделчевски, Фејми Даут, кој е номиниран за Оскар во две категории за филмот „Медена земја“ и останатиот дел од неверојатната екипа ментори кои во нивните сфери се врвни професионалци!“ – вели Тео.
Тој додава дека Академијата му помогнала да се стекне и со други вештини, како што се презентациските и комуникациски вештини.
„Благодарение на менторите и колегите, ги совладав сите потребни знаења за да успеам во креативната индустрија како фотограф.“
„Академијата ги прошири моите хоризонти на знаење, ми помогна во себепронаоѓањето, бидејќи ја направи сликата за идната „Јас“ многу побистра. Со запишувањето на Академијата влегов во некој, за мене нов, визуелен свет којшто многу ми се допаѓа! – изјави Марија.
☆
Време е за одлука! Погледни ги 11-те академии на „Скала“
и инвестирај во својата кариера.
☆
Менторите во „Скала“ ја разгоруваат страста за учењето кај студентите
Менторите во „Скала“ ги инспирираат студентите да ја разгорат својата страст за учење и да достигнат нови висини во своите креативни кариери.
„Задоволна сум од сите ментори и нивните предмети, но посебно морам да ги издвојам Влатко Ристов кој ни предаваше Типографија и Зоран Кардула кој ни предаваше Илустрација. Тие два предмета се исклучително важни во графичкиот дизајн и ми помогнаа да развијам нов начин на размислување“ – вели Марија.
Тео пак, вели:
„Сите ментори ми помогнаа и ми ги отворија очите за тоа како да постигнам значајна „репутација“ во мојата област. Тие ме поттикнаа да засакам нови области од креативната индустрија како видеографијата и сценографијата. Но, најмногу се пронајдов во предметите Документарна фотографија, Студиска фотографија и Камера.“
Како тим, пресреќни сме што Тео и Марија се дел од „Скала“ како практиканти! Нивното присуство не само што ни го разубавува секојдневието, туку и значително ја збогатува нашата работа!
☆
Во тек се уписите на нови студенти за учебната 2024/25 година.
Сега е вистинското време да донесеш одлука за следната „скала“ од твојот професионален развој! Закажи средба со наставниот кадар и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на академијата.