Skip to content

Од инспирација до 3Д реализација – студентски проекти од Академијата за ентериер и продукт дизајн

Ви пренесуваме дел од искуството на студентките Викторија Ристовска, Велика Петкова и Марина Манчева од Академијата за ентериер и продукт дизајн, кои работеа на проект по предметот 3Д рендерирање.

Проектот е реализиран под менторство на Илија Паунков, а задачата беше изработка на 3Д рендер од ентериер по сопствен избор.

Секоја од нив разви автентично решение што го одразува нејзиниот личен сензибилитет за стил, успешно спојувајќи естетика и функционалност.

 

Викторија Ристовска

Се одлучив за оваа идеја..

Поради желбата да создадам хармоничен и топол ентериер што ќе пренесува чувство на спокој преку внимателно одбрани материјали и смирени тонови. Сакав да покажам дека минимализмот може да биде истовремено удобен, модерен и функционален, со практична примена во секојдневното живеење. 

При процесот на креирање, се соочив со…

Предизвикот како да го постигнам балансот меѓу естетиката и практичноста. Ми беше важно секој агол од просторот да биде визуелно поврзан и хармоничен, но и функционален за живеење. Најголем фокус ми беше да ги задржам топлите тонови низ сите простории без да стане монотоно. 

За соработката при процесот, за менторот би сакала да кажам… 

Менторот Илија ја имаше клучната улога во развојот на мојата идеја. Ми помогна многу во техничкиот дел на проектот, што беше пресудно за да ја реализирам мојата замисла. Благодарение на неговата поддршка и стручност, успеав мојата замисла да ја претворам во дело што е и функционално и естетски усогласено.

 

 

На 15 септември започнуваме со петдневна бесплатна работилница
посветена на елементите и принципите на дизајнот. Резервирај го своето место уште денес.

ПОПОЛНИ ЈА ПРИЈАВАТА

 

Велика Петкова

Се одлучив за оваа идеја..

Се одлучив на оваа идеја, затоа што сакав да создадам простор, кој ги комбинира практичноста со уметнички детали, притоа создавајќи смирен, топол и комфортен дом.

При процесот на креирање, се соочив со…

Многу предизвици и пронаоѓање различни креативни решенија за дизајнирање и уредување на одреден простор, кој сепак има свои зададени ограничувања. Создавањето уникатен дизајн на ентериер, кој ја задржува својата функционалност, е она што ме поттикнува постојано да истражувам и да се инспирирам со нови идеи.

За соработката при процесот, за менторот би сакала да кажам… 

Задоволство е да се учи, работи и усовршува под менторство на професионалци како што е менторот Илија Паунков. Тој несебично го пренесува своето знаење и искуство, почнувајќи од најмалите детали кои што можат да произлезат од планирањето и дизјанирањето на ентериерот, што доведува до развој на проектот на соодветно ниво.

 

 

Доколку си подготвен/а за пет дена практичен ДИЗАЈН ПРОЦЕС

ПРИЈАВИ СЕ ЗА РАБОТИЛНИЦА ТУКА

 

Марина Манчева

Се одлучив за оваа идеја..

Го создадов овој дизјан бидејќи бев инспирирана од современиот минимализам и природните елементи. Комбинацијата на црна и бела боја внесува елеганција и чистина, додека темно зелените детали и дрвените површини додаваат топлина и баланс, создавајќи смирена атмосфера. Инспирацијата доаѓа исто така и од сопствената желба некогаш да поседувам баш таков дом.

 

За соработката при процесот, за менторот би сакала да кажам… 

Дека во секој момент беше достапен за било какви прашања и проблеми и со полна позитива ги решававме истите.

 

 

Уписите за Академијата за ентериер се во тек!
Искористи ја можноста и резервирај го своето место за новата учебна година.

Дознај повеќе за академијата тука

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: