На неодамнешниот Патронат на „Скала“ или популарно „Добро утро креативци“ – Саем за размена на креативни искуства и размисли, како дел од овогодинешната програма се одржа панел–расправа на тема: „Пораснав и што сега?“ или како поднаслов: „Искуството како најбрутален учител!“.
Панелот беше модериран од основачот на „Скала“, Дејан Џолев, додека учесници беа алумни–студенти на „Скала“од различни генерации и академии кои денес се професионалци во своите дејности: Андреј Павлов, графички дизајнер во „Division“, Бојан Матејин, Video Contet Creator во „Publicis“, Бинаса Дрндар, HR-Business Partner во „Inscale“ и Мирјана Јосифовска, сопственичка на првиот македонски бренд за шапки -Mirjana Josifovska.
Фокусот на расправата беше најголемиот предизвик на младите во нашата заедница – што по завршувањето на образованието, како да се вработат или основаат своја компанија, споделено од четири различни профили на лица во индустријата.
Низ конструктивната и инспиративна панел–дискусија, нашите алумни–студенти ги споделија сите радости и препреки од нивните искуства од коишто и те како има што да се научи и извлече…
Дискусијата ја започнавме со темата за професионалното „будење“ и преземањето на ризици или жртви коишто се неопходни во различни животни фази. Тоа е знак на постојана и здрава промена. За да направиме неколку чекори напред, понекогаш е потребно да направиме еден чекор назад, што може да значи жртва на време, ресурси, финансии и слично. Меѓутоа, повлекувањето понекогаш е потребно за да ја видиме поголемата слика и да го најдеме нашиот пат за делување и развој.
Андреј Павлов е популарен и наградуван илустратор, графички дизајнер и алумни- студент на Академијата за визуелни уметности во „Скала“. Моментално работи како графички дизајнер во маркетинг-агенцијата „Division“. Иако, според неговото формално образование е магистар по индустриски дизајн, тој во текот на студиите го доживува своето професионално будење.
Неисправните лизгачки врати на Машинскиот факултет дополнително ги прошириле неговите хоризонти и го поттикнале да го претвори своето хоби – илустрацијата во професија. Тоа го мотивирало да се запише на Академијата за визуелни уметности во „Скала“ од каде што останатото е историја :).
Тоа беше еден пресврт во мене кога сфатив дека правецот којшто сакам да го одберам е друг, дека она што е хоби и ме држи со толкава желба и креативност е всушност, она што треба да го работам.
Сите ние доаѓаме до моменти кога се сомневаме во своите квалитети и започнуваме да се преиспитуваме себеси, но на крајот од денот сите се раѓаме како бел лист хартија и во текот на животот учиме, откриваме што ни се допаѓа или што не ни се допаѓа, дознаваме што и кој сакаме да бидеме.
Сомнежот е страв и пријатно преиспитување на себеси. Преиспитувањето носи подобрување, а со тоа и учење и запознавање. – вели Андреј Павлов.
Едно од најискрените и отворени будења го добивме од Бојан Матејин кој е Video Content Creator во „Publicis“, алумни-студент на Академијата за графички дизајн во „Скала“. Бојан зад себе има богато и разновидно работно искуство и е дел од наградени кампањи. Тој е веќе подолго време дел од креативниот тим на „Publicis“. Неговата кариера започнува како графички дизајнер, за да сега ги прошири своите знаења и хоризонти во водите на Video Content Creation.
Во моментот кога дојдов на Академијата, не знаев кој сум, што сакам, но знаев дека во мене има некое жариште коешто треба да излезе на виделина. Токму тоа жариште излезе на Академијата и за тоа ќе бидам вечно благодарен, бидејќи ја добив слободата на себеоткривање.
Веднаш по студиите во Скала добив пракса и вработување во Futura 2/2 маркетинг и адвертајзинг агенција како графички дизанер. Останав во истата скоро година и пол и потоа се префрлив во Публицс каде што сум се уште по две и пол години. Таму започнав исто како графички дизајнер а сега имам промена во позицијата како видео контент креатор. – сподели Бојан Матејин.
Кога станува збор за промена на компанија, Бојан верува дека одлуката треба да се донесе кога постои можност за раст. Како млади и љубопитни луѓе, треба да си го поставиме прашањето: „Ако не сега, кога?“
Менаџирањето подразбира планирање, организирање, водење, контролирање… Професионалното искуство пак на Бинаса Дрндар е полно и со примери на менторирање.
Бинаса е HR-Business Partner во „Inscale“ додека пак, има искуство во креативните индустрии како графички дизајнер и истовремено е алумни-студент на Академијата за визуелни уметности во „Скала“. Бинаса според струка е магистер по архитектура, но нејзиното портфолио изобилува со преквалификации коишто ѝ помагаат да го работи тоа што навистина ја прави среќна, без разлика во кое поле на дејствување е.
Севкупното мое постоење во „Скала“ е еден прекрасен период којшто сè уште трае, само менува форми. Поконкретно, при студирањето открив еден друг дел на образовниот процес, а тоа е дека не учиме за оценка, за менторите или пак да се докажеме. Учиме за нас самите, вложуваме во нас самите. Преку креативни процеси и одлични ментори кои несебично даваа дел од своето знаење и искуство, ми се отвори еден нов шарен свет. Сфатив дека работата којашто ја работиме не треба да биде монохроматска и досадна.
Во една статија пишува дека нашата среќа и успехсе под огромно влијание на луѓето со кои сме опкружени. По некои статистики, скоро 30% од времето луѓето го поминуваат на работа.
Во фирмата во којашто работам во моментов, ја имам среќата да сум опкружена со вистински ментори.
Споделувајќи ни случка од нејзиниот работен ангажман, каде што на почетокот направила грешка и искрено отишла да се извини помирена со сите последици, наишла на разбирање и почит, бидејќи е нормално и човечки да се згреши.
Бидете отворени кон фидбек, особено од тие што знаете дека се грижат за вас и вашата благосостојба. Опкружете се со луѓе кои знаат повеќе од вас и имаат поголемо искуство, бидејќи искуството е најбрутален учител!
Кога одлучуваме дали ќе работиме на одреден проект или ќе смениме компанија/ работно место, многу е важно во која фаза сме. Некогаш таа одлука ќе ни донесе нови познанства, интелектуално задоволство или финансиски бенефит. Но, не мора нужно да се сите три. Во однос на оваа тема, извлековме искрен поглед и искуство од Мирјана Јосифовска која е млада и успешна модна дизајнерка, сопственичка на првиот македонски бренд за шапки -Mirjana Josifovska. Таа е алумни-студентка на Академијата за моден дизајн во „Скала“ и има освоено многу регионални и интернационални натпревари, како и грантови за иновативни идеи во модната индустрија.
Кога се решив да основам сопствен бизнис, имав 22 години. Тоа е најголемата одговорност којашто сум ја почувствувала, одговорност којашто со себе носи многу обврски и предизвици.
Мирјана ни сподели како е да ги гледаш своите врсници и колеги како се вработуваат во компании и ја заработуваат својата прва плата, додека ти на почетокот не заработуваш ништо, бидејќи сите финансии ги инвестираш назад во сопствениот бизнис. Но, иако финансискиот стимул можеби на почетокот не е присутен, друг стимул те одржува. Во вакви моменти, можеби се запрашуваме дали сето тоа вреди, но на крај, движечкиот мотив е дека правиме нешто за себе, нешто што навистина нѐ исполнува.
На почетокот, кога започнував во модниот свет, сакав сѐ да знам, бев насекаде, бидејќи морав да научам што е можно повеќе, меѓутоа стигнав до момент на burn out каде што си земав обрски коишто не можев да ги исполнам. Кога веќе се стекнав со повеќе искуство, имам 3 најважни прашања коишто си ги поставувам пред да донесам било каква одлука во работата и тоа: Дали моето време вреди за ова? Што можам ново да научам од ова? Колку и дали ќе бидам платена?
Сите совети и заклучоци извлечени од оваа дискусија, со сигурност ја потврдуваат вмреженоста и поддршката на нашите студенти од различни генерации, „Скала“ е заедница во којашто студентите од сите генерации не само што се колеги, туку се и блиски пријатели и соработници. Нашата мисија е да ги градиме и негуваме овие врски.
☆
Доколку сакаш да започнеш нова кариера, сега е вистинското време да донесеш одлука за следното скалило од твојот професионален развој!
• Фотографија.
• Software Tester.
Закажи средба на следниот линк.