Skip to content
прв семестар моден дизајн скала студентски проект ана младеновска сандра камчева мелани марјановиќ скала

Од модна илустрација до конструкција на облека – студентски проекти од Академијата за моден дизајн во Скала

Во рамки на првиот семестар на Академијата за моден дизајн во Скала, студентките Сандра, Мелани и Ана работеа на задачи од предметите „модна илустрација“ и „конструкција на облека“.

 

Овие предмети претставуваат основа за развој на модниот јазик на еден дизајнер: од првата визуелна скица, преку разбирање на пропорција и силуета, до техничка изведба на реален модел. 

Наместо изолирани вежби, студентите поминуваат низ процес што го поврзува идејата, цртежот и конструкцијата како една целина.

 

Што значи модна илустрација и како се учи?

 

Модната илустрација не е само цртање фигура. Таа е процес на визуелизација на идеја, начин на размислување преку линија и силуета.

Во рамки на наставата студентите работат: студии на модна фигура, пропорции и движење, развој на силуети, експерименти со материјали и текстури, авторски модни илустрации.

Ова е првиот чекор кон создавање сопствена модна колекција, што се работи во рамки на предметот „Моден дизајн“.

 

Што значи конструкција на облека и зошто е важна?

 

Конструкцијата на облека е техничката основа на модниот дизајн. Преку овој предмет студентите учат како од дводимензионална скица се создава тродимензионална форма.

Процесот опфаќа: алатки и техники за кроење и шиење, моделирање и конструкција на крој, изработка на основен терк и модификации, проба, корекција и прилагодување на облека, изработка и финализација на производ.

 

Студентски проекти: од скица до конструкција

Студентските задачи во рамки на овие предмети претставуваат прва практична симулација на процесот на развој на модна креација. Oд идеја, преку илустрација и технички цртеж до конструкција и реализација на модел.

 

Сандра Камчева

 

сандра камчева студент академија за моден дизајн скала

 

Дали на почетокот имаше страв од модна илустрација или цртање фигура?
Немав страв, отсекогаш сум сакала и уживала во цртањето. Тоа ми е хоби кое постојано го надградувам со нови знаења.

Какво беше искуството со менторката Јана Манева Чупоска?
Како студентка која веќе имаше искуство во цртање, часовите со професорката Јана ми беа особено корисни и мотивирачки.

Колку е важна модната илустрација за твојата понатамошна работа?
Како иден моден дизајнер, модната илустрација ми е многу важна. Таа е првиот чекор кон развој на една креација.

 

 

 

Со што се соочи во предметот конструкција на облека?
Одсекогаш сум бегала од математика, но повторно се соочив со нешто што бара прецизност и мерење.

Каква беше соработката со менторката Катерина Тошева?
Им посветува внимание на сите студенти и секогаш нè охрабрува да поставуваме прашања. Научив многу од неа.

Како влијаеше процесот врз твојот развој?
Овој процес ме научи да зборувам јасно и сигурно за моите идеи без страв.

 

прв семестар моден дизајн скала студентски проект

 

 

Мелани Марјановиќ

 

мелани марјановиќ студент академија за моден дизајн скала

 

Дали на почетокот имаше страв од модна илустрација?
Првите часови ми беа тешки, но со упорност резултатите постепено се подобруваа.

Какво беше искуството со менторката Јана Манева Чупоска?
Менторката е многу посветена и секогаш се труди да помогне.

Колку е важна модната илустрација за твојата работа?
Модната илустрација е неопходна. Идејата мора прво да се постави на хартија за да може да се реализира.

 

 

Со што се соочи во предметот конструкција на облека?
Процесот на конструирање парче облека од нула бара голема прецизност и внимание.

Каква беше соработката со менторката Катерина Тошева?
Имаме привилегија да учиме од професионалец како професорката Кате. Нејзиниот пристап е трпелив и мотивирачки.

Како влијаеше процесот врз твојот развој?
Ме инспирираше поактивно да размислувам за своите идеи и способности.

технички цртеж на мелани марјановиќ академија за моден дизајн скала

прв семестар моден дизајн скала студентски проект

 

 

Ана Младеновска

 

ана младеновска студент академија за моден дизајн скала

 

Дали на почетокот имаше страв од модна илустрација?
Иако имав претходно искуство во илустрација, неизвесноста околу исполнување на критериумите беше предизвик. Со текот на вежбите процесот стануваше појасен.

Какво беше искуството со менторката Јана Манева Чупоска?
Менторката нè насочуваше кон практики што значително ја подобрија нашата модна илустрација.

Колку е важна модната илустрација за твојата понатамошна работа?
Модната илустрација ја развива креативноста и помага во визуелизација на сопствените идеи и идни колекции.

 

 

 

Со што се соочи во предметот конструкција на облека?
Со предизвици што на почетокот изгледаа тешки, но се покажаа совладливи.

Каква беше соработката со менторката Катерина Тошева?
Нејзината поддршка и мотивација ни помогнаа процесот да изгледа достижен.

Како влијаеше процесот врз твојот развој?
Ми донесе дополнителна самодоверба дека со труд може да се надмине секој предизвик.

 

ана младеновска технички цртеж скала академија за моден дизајн

 

Што учат студентите од вакви проекти?

Преку вакви задачи студентите не учат само да цртаат облека. Тие учат како: се развива визуелна идеја и како се трансформира скица во конструкција и конечен реален модел. Овој процес претставува основа за развој на модна колекција уште од првиот семестар.

 

Што би им препорачале на идните студенти?

 

Сандра Камчева: Редовното присуство на часови и учењето од секој час носат вистински резултати.

Мелани Марјановиќ: Најважно е да влезете во процесот со љубопитност и желба да пробувате нови работи. Не мора сè да биде совршено од првпат.

Ана Младеновска: Посветеноста, вложениот труд и упорноста се дел од секојдневниот процес и не треба да се откажувате од нив.


Какви можности отвора модниот дизајн како професија?

Студентите на Скала најчесто се развиваат како: модни дизајнери, конструктори на облека, стилисти, модни илустратори, 3Д модни дизајнери, дизајнери во модни брендови и студија.

Првите чекори кон овие професионални насоки започнуваат токму со предметите модна илустрација и конструкција на облека.

 

Сакаш да започнеш кариера како моден дизајнер?

Работи на модни илустрации, развивај сопствена модна колекција и изработи реални модели уште од првиот семестар, додека на крај претстави се на Fashion Weekend Skopje!

 

Погледни ја програмата: Академија за моден дизајн

 

Често поставувани прашања:

 

Дали е потребно претходно искуство во цртање?
Не. Наставата започнува од основите и постепено ги развива вештините.

Дали студентите уште во првиот семестар работат реални модели?
Да. Во рамки на предметот конструкција на облека се изработува конкретно парче облека.

Дали овие проекти може да бидат дел од портфолио?
Да. Тие претставуваат основа за понатамошен развој на авторско портфолио.

 

Закажи средба со нашиот тим и дознај како функционира програмата на Академијата за моден дизајн во Скала.

 

 

Сакаш да започнеш кариера

како моден дизајнер?

Закажи средба со нашиот тим

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: