Skip to content
академија за моден дизајн испитна сесија скала

Креативни и автентични, студентите од Академијата за моден дизајн со импресивни портфолија

Студентите на Академијата за моден дизајн имаа уникатна можност да ги презентираат своите креации, да го споделат креативниот процес и визијата којашто стои зад нив, како и да ги изнесат севкупните модни досиеја пред менторите на нивната прва испитна сесија за оваа академска година. 

 

Што се крие зад успешно завршен креативен проект?

Разговаравме со Бојана Хаџиева, студентка на Академијата за моден дизјан во „Скала“ и менторката, Елена Вангеловска, за да ги дознаеме нивните искуства, совети и осврти од две различни страни.

испитна сесија академија за моден дизајн


СТУДЕНТСКИ ИМПРЕСИИ ОД ИСПИТНАТА СЕСИЈА

Ја прашавме Бојана  да го опише искуството од испитната сесија и која е иснпирацијата за нејзината креација. 

Моето искуство од испитната сесија е интересно, забавно и поучно. Мојата креација беше необична, интересна и несекојдневна, инспирирана од 80-тите години искористени мини и миди-здолништа од тој период. Миди-здолниште со асиметрична форма и со шкотско каро и мини светкаво здолниште. Сакајќи да ги претставам и миди елегантните здолништа од тој период, но во диско-мода и мини здолништето кое што било симбол на диско-модата во 80-тите.

 

испитна сесија академија за моден дизајн

испитна сесија академија за моден дизајн никола булески елена вангеловска александар ношпал

 

Зошто Академија за моден дизајн во „Скала“?

Мотивацијата за на Академијата по моден дизајн ми беше тоа што од многу мала сакам цртање на облека, креирање и од отсекогаш сум сакала да бидам моден креатор. Досегашното искуство ми е одлично интередно но и многу имаме научено во првиот семестар.– истакна Бојана 

 

Академија за моден дизајн

Закажи средба со нашиот тим.

МЕНТОРСКИ ОСВРТ 

Менторката по модна илустрација, Елена Вангеловска ни даде осврт на важноста на испитниот проект и неговата поврзаност со реалните предизвици во модната индустрија.

Целта на креативниот проект а воедно и испитниот процес е да ги подготви и запознае со содржините и фазите на едно модно портфолио на најпрофесионален начин. Да се разбере важноста и суштината на сите предмети подеднакво, нивното поврзување и начинот на којшто тие функционираат во модниот дизајн и костимографијата а во исто време да се доближи директно до нив реалниот начин на делување во професионалниот свет.

 

испитна сесија академија за моден дизајн александар ношпал

 

испитна сесија академија за моден дизајн

 

испитна сесија академија за моден дизајн

 

СОВЕТ ЗА СИТЕ ИДНИ НО И СЕГАШНИ „СКАЛАЏИИ“

Што би ги посоветувале идните, но и тековните студенти на Академијата за моден дизајн? 

Единствено нешто коешто би го пратила како порака до студентите е да го сфатат модниот дизајн и уметноста во целина како една сложена професија, којашто изискува многу посветеност, работа и пред сѐ многу љубов. – сподели менторката Елена Вангеловска

 

Додека пак, Бојана им порача на сите идни „Скалаџии“…

Без размислување да ги следат своите соништа а мислам дека скала е вистинското место за нивно остварување.

 

испитна сесија академија за моден дизајн никола булески елена вангеловска

испитна сесија академија за моден дизајн

испитна сесија академија за моден дизајн

Студентите од Академијата за моден дизајн на испитната сесија се претставија со впечатливи модни портфолија, фокусирајќи се на здолништа со употреба на шкотско каро. Преку своите креации, тие ја истакнаа имагинацијата и автентичниот пристап кон дизајнот, комбинирајќи палети на бои, материјали и текстури.
А покрај менторката Елена Вангеловска, нивни ментори беа и: Гордана Вренцоска, Никола Булески – Буле, Александар Ношпал, Дејан Џолев.

испитна сесија академија за моден дизајн

испитна сесија академија за моден дизајн никола булески елена вангеловска александар ношпал

Академија за моден дизајн

Закажи средба со нашиот тим.

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: