Skip to content
добро утро креативци мастерклас талкс скала

Master Class Talks: Креативна експлозија во пет чина

Уште од самиот почеток, атмосферата на „Добро утро, креативци“ ветуваше ден исполнет со инспирација, динамика и креативна енергија. Со шест работилници, десетици ментори и стотици учесници – програмата беше богата, но далеку од завршена. Токму пред саботното зајдисонце следуваше „црешата на шлагот“ – Master Class Talks: серија исклучителни разговори со петмина врвни иноватори и лидери од различни креативни и бизнис-сфери. 

 

Тие не само што ги споделија своите искуства, туку отворија и нови перспективи за кариера, личен развој и смело размислување. Публиката не само што слушаше – туку и резонираше, поставуваше прашања и ги живееше оние мали, но моќни „аха!“ моменти.


Master Class Talks сцената беше совршен завршеток на ден исполнет со учење, вмрежување и инспирација – потсетник дека патот на креативецот никогаш не е линеарен, но секогаш вреден.

Моќта на личната приказна

Огнен Антов, ментор на Академијата за видео продукција и аниамција [погледни повеќе], ТВ и филмски продуцент и сопственик на Dream Factory Macedonia, откри како харизмата во првите пет минути може да отвори врати и да го освои вниманието. Тој стои зад некои од најзначајните македонски филмски и телевизиски проекти – секој со своја комплексност, сопствени предизвици и моменти што бараат брзи, интуитивни одлуки. Во продукцијата и маркетингот секогаш пристапува креативно и инвентивно, но со исклучителна посветеност на секој детал. Од своето богато искуство, Огнен им пренесе на присутните дека токму непланираните моменти понекогаш можат да бидат најголемата шанса – онаа неочекувана прилика кога имаш само пет минути да ја пуштиш харизмата да зборува за тебе. Со вистинска мерка на самодоверба – и што е клучно – со правилната личност од другата страна, тие пет минути можат да променат сè.

Огнен Антов мастерклас скала

Како една автентична визија го редефинира бизнис-лидерството во кретивната индустрија 

Кога зборуваме за промени на пазарот, ретко кој чекори смело во непознатото. Но Владимир Ристевски, ментор на Академијата за дигитален маркетинг [погледни повеќе], партнер и креативен директор во Пиксел , е токму тој што не чека – туку создава. Со долгогодишно искуство и префинето чувство за автентична комуникација, тој покажува дека нефилтрираните приказни се оние што навистина резонираат со публиката. Преку брендовите Socialize и Бизнис Лидер, тој докажува дека моќта на искрената порака не е во создавањето илузии, туку во градењето доверба.

Понесен од силната желба за промена и стремежот кон вистинска иновација, со длабоко познавање на потенцијалот на домашниот пазар и со јасна визија оформена преку искуствата од успешни настани во регионот – решително го презема предизвикот. Без страв и без предолго двоумење, со вистинските партнери, тој покажува дека предизвикот не мора да изгледа како преголем залак.

Токму во таа смелост лежи суштината на вистинскиот пробив – да се донесе нешто со светски квалитет на домашната сцена. Да се постави нов стандард. Да се покаже дека и тука, каде што многумина гледаат ограничувања, може да никне нешто што ќе инспирира, ќе обедини и ќе промени.

Така се создаде Socialize – првиот фестивал за дигитална креативност и технологии од ваков тип во земјава – и Бизнис Лидер – проект чиј главен фокус е да им оддаде признание, да ги инспирира и поврзе бизнис-лидерите, претприемачите, инвеститорите и иноваторите кои придонесуваат за економскиот раст и развој на Македонија.

Владимир Ристевски мастерклас скала

Владимир Ристевски мастерклас скала

Владимир Ристевски мастерклас скала

Тука

 

Суперконекторот што ги претвора врските во вредност

Најголемата моќ во дигиталниот свет не се броевите – туку луѓето зад нив. Бобан Петковски, Head of RevOps во Influencers Club, на своето излагање со наслов „a.k.a. Суперконекторот“ ја отвори токму таа тема: како вистинските меѓучовечки врски стануваат клучна предност во дигиталниот бизнис.

Со практични примери од сопствено искуство, Бобан покажа дека успехот не се гради само со алатки и стратегии, туку со доверба, автентична комуникација и способност да се поврзеш со вистинските луѓе – на вистински начин.
Во време на автоматизации и алгоритми, неговата порака беше едноставна, но моќна: поврзаноста е новата валута на растот.

Имаме култура и поднебје што природно негува блискост и солидарност – токму затоа, нашите меѓучовечки релации треба сѐ повеќе да ги насочуваме кон создавање вредности што имаат смисла, трајност и заедничко значење.

Бобан Петковски скала мастерклас

публика мастерклас скала

Бобан Петковски мастерклас скала

Креативен идентитет 404: Себепронаоѓање во ера на промени

Петар Павлов, ментор на Академиите за дизајн [погледни повеќе], креативен стратег и дизајнер, ја отвори темата „Креативен идентитет 404“, поттикнувајќи размислување за оние кревки, но суштински моменти кога се губиме себеси и повторно се составуваме низ патот на професионалниот раст. Креативците по природа се мултидисциплинарни – сѐ што е поврзано со создавање и експериментирање низ различни медиуми нѐ привлекува и инспирира на постојано истражување. Но, во рамките на професионалниот свет и креативните индустрии, сè почесто се соочуваме со прашањето: што сме навистина? Фотографи, дизајнери, аниматори – или нешто што постојано се развива и не се вклопува во строго дефинирана улога?

Во свет воден од постојан технолошки напредок и брзи промени, речиси е невозможно да држиме чекор со секоја нова алатка, платформа или тренд. Уште потешко е да се усовршиме во сѐ што нè интересира – и тоа е сосема во ред.
Она што навистина е важно е да разбереме дека новитетите, како што е вештачката интелигенција, не се закана, туку алатка. Тие не нѐ заменуваат – туку ни помагаат да го оптимизираме времето и да создадеме повеќе простор за вистинска креативна слобода и експериментирање.

Со тоа добиваме можност да создаваме нешта што не се водени само од естетика, туку и од длабока општествена и функционална одговорност – нешта што зборуваат за времето во кое живееме, што реагираат на реалноста околу нас и носат вредности кои се навистина важни.

Во време на социјални, еколошки и културни кризи, нашата улога како креативци не е само да креираме убаво, туку и значајно – да поставуваме прашања, да отвораме дијалози, да охрабруваме промени.
Креативноста денес не е само индивидуален израз, туку и колективна одговорност.

Петар Павлов мастерклас скала

публика мастерклас скала

Петар Павлов мастерклас скала

Креативност на секои 60 секунди

Петар Кајевски ја сподели приказната за „раѓањето“ на брендот 11 и 11 саат, потврдувајќи дека најавтентичните идеи често произлегуваат од лично доживеано искуство. Иако претходно немал допир со дизајн, ниту пак особена пасија кон часовници, токму таа лична желба – да создаде свој, уникатен механички часовник – го навела да тргне на креативно патување.

На духовит начин, Петар си поиграл со визуелната сличност меѓу арапската бројка 11 и римската II – игра која станала инспирација за името на брендот.
Така се роди 11 и 11 саат – еден од најинтересните нови проекти на креативната сцена, за кој допрва ќе се зборува, а сè повеќе и ќе се носи.

Создавајќи го првиот модел, тој и неговиот тим поставиле амбициозна цел: часовникот да содржи датум вметнат во индексот за пет часот – нешто што ретко се среќава во дизајнот. Меѓутоа, најоригиналниот и визуелно впечатлив дел се наоѓа кај индексот за осум часот. Таму, круната ја формира долната половина на бројката 8, додека внатрешен прстен ја оформува горната.
За овие два елемента да се спојат во совршена визуелна 8-ка, било потребно да се постават исклучително прецизно – на иста висина и со минимално растојание. Тоа довело до сериозни инженерски предизвици и прилагодувања, сѐ до ниво на точност од 0,05 милиметри.

Резултатот е часовник кој денес е препознатлив меѓу дизајнерската и креативната заедница – не само по својата естетика, туку и по приказната што ја носи.

Петар Кајевски скала 11 и 11 саати

 

Петар Кајевски скала 11 и 11 саати

Она што остана по Master Class Talks не се само зборови, туку импулсот да се делува, со енергија, став и храбрсот да се искажат идеите на кретивен начин.


×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: