Кариерното советување е многу повеќе од еднократен разговор, тоа е можност да го насочиш својот професионален пат со јасна визија и план. Во „Скала“, знаеме дека не е лесно да се донесат важни одлуки, особено кога се работи за твојата кариера.
Затоа, имаш можност за бесплатно персонализирано кариерно советување со Дејан Џолев, основач и CEO на Скала, за сите што сакаат да направат значајна промена во професионалниот развој.
[Апликацијата е на крајот од текстот]
За кого е наменето?
Ова не е генеричко советување, туку персонализирана сесија еден на еден, која се состои од три фази, без оглед на тоа дали станува збор за:
✔️ преквалификација,
✔️нова професионална насока,
✔️ фриленс/сопствен бизнис,
✔️ личен развој или самодоверба…
Не е важно дали:
✔️ штотуку заврши средно или факултет и не знаеш што понатаму,
✔️ размислуваш за преквалификација или нова професионална насока,
✔️ сакаш да се надградиш во тоа што веќе го работиш…
Клучни придобивки
1. Лични вредности и способности
Преку индивидуален пристап, добиваш поддршка да ги разбереш своите вредности, интереси, вештини и можности и да ги поврзеш во логичен и реален план.
2. Професионален увид
Кариерниот советник не ти кажува што да правиш, туку поставува прашања што не си си ги поставил сам/а. Одговорите водат до нови опции, јасни приоритети и конкретни насоки.
3. Поддршка при промена или преквалификација
Ако размислуваш за целосна промена на кариерата, кариерното советување може да ти помогне да го направиш тоа сигурно, информирано и чекор по чекор или ние во Скала велиме – скала по скала 🙂
4. Конкретни насоки
Ќе се направи проценка на типот на личност и карактерните особености, кои играат клучна улога при носење на следните одлуки – како да го унапредиш своето CV, портфолио, самопрезентација, апликации и интервјуа. Сè што ти е потребно за самоуверено и вистински да се активираш на пазарот на труд.
5. Поголема самодоверба
Кога си информиран/а и подготвен, се намалуваат несигурноста и анксиозноста, а се зголемува чувството дека ја имаш контролата над својата иднина.
Како да закажеш термин?
Сесиите се одржуваат во просториите на Скала и започнуваат со краток онлајн прашалник кој ни помага да го разбереме твојот тип на личност и клучните карактерни особености, со цел поконструктивна средба.
Првиот чекор се состои од пополнување на следната апликација.
Ние вложуваме во твојата иднина – дали ти си подготвен/а?