Пред да тргнеш напред, вреди да се запрашаш: каде точно сакам да стигнам?
Кариерното советување е многу повеќе од еднократен разговор, тоа е можност да го насочиш својот професионален пат со јасна визија и план. Во „Скала“, знаеме дека не е лесно да се донесат важни одлуки, особено кога се работи за твојата кариера.
Затоа, започнуваме со бесплатно персонализирано кариерно советување со Крсто Златков, советник за кариерен развој, за сите што сакаат да направат значајна промена во професионалниот развој.
[Апликацијата е на крајот од текстот]
За кого е наменето?
Ова не е генеричко советување, туку персонализирана сесија еден на еден, која се состои од три фази, без оглед на тоа дали станува збор за:
✔️ преквалификација,
✔️нова професионална насока,
✔️ фриленс/сопствен бизнис,
✔️ личен развој или самодоверба…
Не е важно дали:
✔️ штотуку заврши средно или факултет и не знаеш што понатаму,
✔️ размислуваш за преквалификација или нова професионална насока,
✔️ сакаш да се надградиш во тоа што веќе го работиш…
Клучни придобивки
1. Лични вредности и способности
Преку индивидуален пристап, добиваш поддршка да ги разбереш своите вредности, интереси, вештини и можности и да ги поврзеш во логичен и реален план.
2. Професионален увид
Кариерниот советник не ти кажува што да правиш, туку поставува прашања што не си си ги поставил сам/а. Одговорите водат до нови опции, јасни приоритети и конкретни насоки.
3. Поддршка при промена или преквалификација
Ако размислуваш за целосна промена на кариерата, кариерното советување може да ти помогне да го направиш тоа сигурно, информирано и чекор по чекор или ние во Скала велиме – скала по скала 🙂
4. Конкретни насоки
Ќе се направи проценка на типот на личност и карактерните особености, кои играат клучна улога при носење на следните одлуки – како да го унапредиш своето CV, портфолио, самопрезентација, апликации и интервјуа. Сè што ти е потребно за самоуверено и вистински да се активираш на пазарот на труд.
5. Поголема самодоверба
Кога си информиран/а и подготвен, се намалуваат несигурноста и анксиозноста, а се зголемува чувството дека ја имаш контролата над својата иднина.
Како да закажеш термин?
Сесиите се одржуваат во просториите на Скала и започнуваат со краток онлајн прашалник кој ни помага да го разбереме твојот тип на личност и клучните карактерни особености, со цел поконструктивна средба еден на еден со нашиот ментор за кариерен развој Крсто Златков.
Првиот чекор се состои од пополнување на следната апликација.
Ние вложуваме во твојата иднина – дали ти си подготвен/а?