Првата испитна сесија: Академијата за видео продукција, анимација и нови дигитални медиуми не е теоретско полагање.
Студентите не одговараат на прашања, тие презентираат сопствени визуелен проекти. Дизајн, моушн дизајн, фотографија… Идеи, концепти и дела коишто поминале низ процес.
За многумина, тоа е првиот момент кога сфаќаат дека визуелните комуникации не е „креативност по инспирација“, туку дисциплина што бара структура и свесна одлука. Елена, Вероника и Милка ни ги споделија кратко своите искуства.

Што се учи во првиот семестар?
Првиот семестар не започнува со камера и режија.
Тој започнува со основите во визуелните комуникации: дигитален дизајн, фотографија, обработка на фотографија, моушн дизајн, графички елементи и типографија. Испитниот проект ги поврзува сите овие медиуми во една целина.
Студентите работат во Photoshop, Illustrator и After Effects, но не учат само алатки, учат како визуелно да пренесат порака, емоција или став.
Елена Иванов ни сподели прецизно:
„Најмногу ми помогна разбирањето на ликовните елементи и како тие функционираат во композиција.“
Тоа значи дека пред да почнат да снимаат филм, видео или друга визуелна формат, тие учат како да градат „една слика“ која раскажува приказна.
Каков беше испитниот проект?
На испитната сесија студентите презентираа проекти во повеќе визуелни дисциплини, генерално статични, како дизајн и фотографија, и покрај тоа што веќе во првиот семестар се запознаа и со движечките слики преку моушн дизајн.
Следниот семестар студентите воведуваат „движење“, преку видео монтажа, работа со камера, филмска режија и сторителинг, како и нови медиуми и алатки за контент креација.
Милка Смилевска презентираше фото есеј за отпадот на Водно, проект што бара и визуелна чувствителност и концепт.
„Мојот прв испит го доживеав убаво. Добив охрабрувачки фидбек од менторите.“
Тоа е клучно, испитот не е суд, туку проверка на процесот.
Вероника Кралева вели:
„Испитот го доживеав како позитивно искуство.“
Но зад таа позитивност стои работа.
Таа додава:
„Научив како да размислувам креативно и како визуелно да ја изразам идејата.“
Ова е суштината на првиот семестар, премин од идеја кон визуелна форма.
Процесот е поважен од перфекцијата
Она што се гледа кај студентските одговори е нешто многу поважно од техничката изведба.
Елена искрено вели:
„Иако не сум 100% задоволна од себеси, фидбекот ми помогна да видам каде можам да напредувам.“
Ова е вистински академски процес.
Не се оценува само резултатот, туку процесот и логиката зад него, личниот развој и одговорноста, што се важни аспекти за следните професионални предизвици. Од нас како професионалци ќе се очекува многу повеќе од само познавање на експертизата, туку способност за размислување, носење одлуки, комуникација, работа во тим и преземање одговорност во реални ситуации.
Во тој контекст, првиот семестар е поставување темел. Не финална форма.

Студио, сет и реална динамика
Испитната сесија беше прва „пичинг“ реалност. Студентите јасно ја аргументираат својата работа пред менторите, како што тоа во иднина ќе го прават пред своите колеги или клиенти.
Оваа динамика природно продолжува и надвор од самата презентација. Академијата не функционира само во училница. Студентите работат во професионално студио, со професионална опрема, во услови на сет.
Што добива студентот по првата сесија?
Не само оценка. Милка вели едноставно:
„Разбрав дека имам капацитет да учам нови работи.“
Вероника се надоврза:
„Се чувствувам ослободено и имам желба да работам повеќе.“
А Елена ни сподели совет што ја заокружи целата философија 🙂
„Да не работат само ‘за оценка’, туку за сопствен развој.“
Тука се гледа вистинската вредност на испитната сесија. Не е тест. Туку прва свесна точка на развој.

Често поставувани прашања:
Дали испитот е теоретски?
Не. Се презентира реален визуелен проект (дизајн, фотографија, моушн).
Кои програми се користат?
Во првиот семестар: Photoshop, Illustrator и After Effects.
Подоцна се додава Premiere Pro, современи алатки како CapCut и AI технологии.
Дали студентите работат во студио?
Да. Редовно користат студио и професионална опрема, како дел од наставата.
Дали се работи тимски?
Да. Проектите вклучуваат тимска динамика и продукциски симулации.











