Неодамна на 6ти јуни се случи настанот кој ја одбележа соработката помеѓу брендот Salt Milano и Академијата за моден дизајн при Скала – Школата за дизајн и уметност, (основана од „Џолев и уметностите“).
Студентите од Академијата за моден дизајн при учебната 2021/22 ја имаа можноста да понудат идејно решение односно еден дизајн на костим за капење. Процесот го водеше менторот Александар Ношпал.
По месечниот конкурс кој беше објавен од наша страна, дојде мигот кога требаше да се избере идејното решение, односно еден дизајн на костим за капење, со стил кој го предочи самиот бренд.
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Отворени денови под името „Дизајн коктели, технологии и апетисани“ коишто ќе се одржат на 23 и 24 јуни во релаксирачка атмосфера во „Public Room“.
Регистраците се бесплатни и достапни на следниов линк.
Иван Ивановски, сериски претприемач и основач на SALT MILANO, за соработката и искуството досега изјави:
Огромно задоволство ни беше што го организиравме конкурсот за најдобар костим за капење заедно со „Скала“, Школата за моден дизајн при Џолев и уметностите.
Победничкиот модел ќе биде дел од колекцијата на Salt Milano 2022. Честитки до Михаела Панова и до останатите студенти кои имаа одлични презентации.
Ке продолжиме да работиме со Михаела и заедно ке го поминеме целиот процес од креирање на прототип се до финална изработка во фабрика.
Настанот го гледаме како почеток на огромна соработка помеѓу Salt Milano и „Скала“ Школата за моден дизајн основана од Џолев и уметностите. Талентот на студентите би сакале во иднина да го преточиме во реални продукти, како дел од нашето портфолио, а на студентите да им дадеме можност од практичен аспект да видат каков е процесот од идеја до реализација.
САЛТ МИЛАНО е бренд кој за 4 години постоење успеа да ја прошири продажбата на Балканот, Европа и во најбрзо време ќе заземе свое место и на американскиот пазар со што ќе ја исполни својата цел да стане интернационален бренд.