Skip to content
академија-за-моден-дизајн-испитна-сесија-скала-академија-дизајн-технологија

Сѐ што се работи на часовите, треба да се практикува и по часовите

На завршната испитна сесија во „Скала“, студентите имаа можност да го претстават своето портфолио пред менторите, да ја презентираат својата работа и да покажат што  сѐ научиле во текот на учебната година.

Разговаравме со Леона Бибановска од Академијата за моден дизајн во „Скала“ и со нејзиниот ментор Никола Булески-Буле кој ни даде менторски осврт на испитната сесија.

 

Испитната сесија на Академијата за моден дизајн

Менторот Никола Булески – Буле ни објасни дека испитната сесија е значаен дел од образовниот процес на секој студент, затоа што студентите ги презентираат своите завршни проекти пред менторите.

 

На испитната сесија, се презентира колекција изработена на одбрана тема. Студентите изработуваат портфолио коешто содржи повеќе елементи: moodboard, колор-карта, карта со текстилни материјали, илустрации од дизајните од колекцијата и технички цртежи. Неизбежно е да се изработи целосно еден целосен изглед на колекцијата. Овде е вклучено изработка на лого и визуелен бренд идентитет. Покрај портфолиото, студентите ги презентираат и вежбите од Конструкција на облека и илустрација – вели Булески.

 

 

Менторот исто така, додаде дека овој проект е значаен, бидејќи го опфаќа целиот процес на создавање облека, од идеја до реализација.

академија-за-моден-дизајн-скала-испитна-сесија-втор-семестар

 

академија-за-моден-дизајн-скала-испитна-сесија-втор-семестар

 

 

Студентско искуство, импресии и кариерни планови по завршување на испитите

Леона Бибановска ги сподели со нас своите импресии и искуство по завршувањето на испитите, истакнувајќи колку ѝ значат практичното искуство и поддршката од менторите за да постигне успех во нејзините следни кариерни планови.

 

Моето искуство на Академијата за моден дизајн е позитивно и презабавно, а можам да кажам и многу  креативно! Научив основни работи за креирање, создавање, шиење сопствени креации со помош на моите ментори и како нив да ги презентираш пред публика! Го научив сето тоа што еден почетник-креатор е потребно и особено важно да го знае ни раскажа Леона.

 

Нејзиниот план по завршувањето на испитната сесија е да стекне работно искуство во дизајнерска куќа или ателје и да ја почувствува работната атмосфера:

 

Сакам да ја почувствувам вистинската атмосфера каде што се раѓаат креациите, идеите, реализацијата и презентацијата на сопствената естетика! Многу би сакала еден ден да организирам модна ревија со сопствени креации и со најубави манекенки!

 

 

Време е за одлука! Погледни ја Академијата за моден дизајн

на „Скала“ и инвестирај во својата кариера!

 

академија-за-моден-дизајн-скала-испитна-сесија-втор-семестар

 

 

 

Совет до идните „Скала“ студенти

Она што секогаш им го препорачувам на студентите е да се редовни на часовите и да се што поактивни на истите. Сѐ што се работи на часовите, треба да се практикува и по часовите. Изнаоѓањето на решенија е процес што вклучува учење и работа. Решенијата не доаѓаат веднаш. Неопходно е да се испробуваат различни начини за да се дојде до соодветното решение, а со тоа и создавањето на добар производ! – вели менторот Никола Булески.

 

Во контекст на ова, Леона вели дека практичното искуство и активното учество на часовите се клучни за успешен развој во полето на модниот дизајн.

 

Мојот совет до идните студенти на „Скала“ би бил да не се двоумат, да го посетуваат курсот и со полна „пареа“ да се обидат за да го започнат нивниот сон за дизајнирање. Тука ќе го започнат патот до нивниот сон! – им порачува Леона на идните „Скалаџии“.

 

А исто така, подготвувајте се навреме за испити! – додава Леона.

 

академија-за-моден-дизајн-скала-испитна-сесија-втор-семестар

 

Инаку, студентите од Академијата за моден дизајн, во првиот семестар ги слушаа предавањата по предметите: Историја на мода, Моден дизајн, Конструкција на облека со техники на кроење и шиење I, Модна и техничка илустрација.

Во вториот семестар, ги слушаа предавањата по: Модна колекција, Моден бренд, Конструкција на облека со техники на кроење и шиење II, Модна фотографија, Дигитална илустрација, и Кариера и интелектуална сопственост.

Предавањата беа одржувани под менторство на врвни професионалци со повеќегодишно искуство во модната индустрија. Покрај менторот Никола Булески – Буле, кој е универзитетски професор и специјалист за конструкција на облека, други ментори на Академијата за моден дизајн беа:

Александар Ношпал – универзитетски професор, костимограф и моден дизајнер;
Гордана Вренцоска – декан и професор на Факултетот за арт и дизајн;
Ирина Тошева – моден дизајнер;
Елена Вангеловска – универзитетски доцент, моден дизајнер и моден илустратор;

Дејан Џолев – визуелен артист, филмски режисер и уметнички координатор, основач и CEO на „Скала“;
Небојша Вилиќ – универзитетски професор на Факултетот за ликовни уметности;
Дарко Аницин – графички дизајнер и уметник;
Крсто Златков – генерален менаџер на Институтот за дизајн и технологии – ИДТ Скопје
Кристина Крагујевска – адвокат и правен експерт.

академија-за-моден-дизајн-скала-испитна-сесија-втор-семестар

 

Во меѓувреме, во тек се уписите на нови студенти за учебната 2024/25 година.

Сега е вистинското време да донесеш одлука за следното скалило од твојот професионален развој! Закажи средба со наставниот кадар на „Скала“ и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на Академијата.

 

време-е-за-одлука-академија-за-моден-дизајн

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: