Skip to content
академија за фотографија во Скала Скопје

Не се оценува финалната слика, туку процесот – Академија за фотографија

Во Скала, испитот не е теоретски тест, туку презентација на авторски проекти работени во текот на семестарот.

 

Првата испитна сесија претставува симулација на реални фотографски задачи и проекти, слични на работа во креативна агенција, студио или на самостоен авторски проект или работа како фриленсер. Студентите презентираат серија фотографии и ја аргументираат својата визуелна одлука.

Не се оценува само финалната слика, туку процесот, размислувањето и способноста да се донесе свесна визуелна одлука.

Тука започнува професионалното размислување.

академија за фотографија во Скала Скопје

Академија за фотографија во Скопје – што значи „практична програма“?

 

Академијата за фотографија во Скала трае 9 месеци и е изразено практична.
Наставата се одвива во две професионално опремени студија за фотографија во просториите на Скала, но и на терен, во зависност од предметот и модулот. Работата е организирана преку конкретни задачи и реални фотографски проекти.

Студентите работат со професионална студиска опрема и систематски ги изучуваат техничките карактеристики на фото-камерата, контролата на светлото, ликовните елементи и принципи како основа на визуелниот јазик, како и обработка и монтажа на фотографија како неизбежен дел од современата фотографска практика.

 

Испитниот проект – пример од студент

Маринела Блажеска, студентка на Академијата за фотографија, на првата испитна сесија презентираше некочку проекти, меѓу кои и проектот од предметот Историја и теорија на фотографија.

Маринела за овој проект беше инспирирана од Annie Leibovitz.

На прашањето што ѝ помогнало најмногу од првиот семестар, таа одговори:

„Значењето на светлото при фотографирање.“

Во фотографијата, светлото не е само технички услов – туку носител на карактер и атмосфера.

За процесот, таа додава:

„Се обидов сè што можам да откријам сама, а за сè она за кое ми требаше помош, во секое време менторите беа тука.“

А за атмосферата на првиот испит:

„Позитивна атмосфера, малку трема. Далеку подобро чувство од класичен испит :)“

По завршувањето на сесијата:

„Мотивирана за уште повеќе во 2 семестар.“

академија за фотографија во Скала Скопје

 

Што се учи во текот на академијата?

  • портрет фотографија
  • продукт фотографија
  • модна фотографија
  • студиска фотографија
  • документарна фотографија

Паралелно со тоа, студентите минуваат низ:

  • историја и теорија на фотографија
  • обработка и монтажа на фотографија
  • технички карактеристики на камера
  • визуелни елементи и принципи како јазик на фотографијата

 

За кого е наменета Академијата за фотографија?

Академијата е наменета за сите кои сакаат:

  • да се преквалификуваат во областа на фотографијата
  • да се доквалификуваат и да ја подигнат својата техничка и концептуална основа
  • да започнат кариера во фотографската индустрија
  • да изградат професионално портфолио

Без разлика дали некој доаѓа од друга професија, штотуку завршил средно образование или веќе фотографира, програмата е поставена така што гради основа и постепено води кон професионално ниво.

Маринела на идните студенти им препорачува:

„Да бидат храбри, да се трудат да ги остварат своите задачи колку и тоа да изгледа најпрво тешко.“

Токму таа храброст – да се експериментира, да се проба, да се излезе од комфор-зоната – е клучна за развој во оваа индустрија.

академија за фотографија во Скала Скопје


Финална изложба и професионален чекор

Академијата завршува со финална изложба и јавни презентации пред компании од индустријата.

Ова е простор за вмрежување, соработки, потенцијално вработување.

Веќе 15 години Скала е расадник за фотографи, автори, фриленсери и фото-бизниси во Македонија. По завршувањето на програмата, студентите можат да работат како: фриленс фотографи, дел од креативни тимови во маркетинг агенции или дизајн студија.

 

Често поставувани прашања:

Каде да студирам фотографија во Македонија?
Академијата за фотографија во Скала е 9-месечна, практична програма што комбинира студиска работа, теренска настава и реални проекти.

Дали програмата е практична?
Да. Наставата е доминантно практична и се одвива во професионални студија и на терен.

Дали студентите работат со професионална опрема?
Да. Скала располага со две професионално опремени студија за фотографија.

Дали по академијата може да се работи професионално?
Да. Програмата поставува техничка и концептуална основа за работа како фриленсер и автор.

Дали е потребно претходно искуство?
Не. Академијата започнува од основи и постепено гради техничка сигурност и визуелен јазик.

Размислуваш за студии по фотографија?
Доколку сакаш повеќе информации за програмата, модулите или условите за запишување, можеш да закажеш средба со тимот на Скала и да видиш дали оваа академија е вистинскиот чекор за тебе.

 

Студии во Скала?

Закажи средба со нашиот тим

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: