Skip to content
скала-моден-викенд-скопје

Иновација без граници: Младите дизајнери од СКАЛА ја редефинираат модната сцена

 

29-то издание на Скопскиот моден викенд заврши, потенцирајќи ја важноста на одржливоста и иновациите во модната индустрија, оставајќи траен впечаток со своите креативни концепти и дискусии за иднината на модата.

 

Четиридневниот настан во Културниот центар Лабораториуми ја трансформираше модната сцена во Скопје, претставувајќи иновативни дизајни и идеи коишто го поставија градот на мапата на авангардните модни трендови во регионот.

 

Скала е единствената школа којашто традиционално осма година по ред, се претставува со студентите од Академијата за моден дизајн.

 

 

 

Медиумите за Скала напишаа: 

Ревијата на студентите од СКАЛА -Школа за дизаін и технологија jа оживеа сцената со свежа, експериментална и автентична македонска мода. Од креации инспирирани од културните корени до силуети коишто рефлектираат глобални трендови, секоја колекција пренесе поинаква приказна и го долови духот на младите таленти кои ja дефинираат иднината на модата.

 

 

 

Кохезија од автентични приказни  

Нивните креации, секоја од нив автентична и посебна, заедно соединети создадоа една единствена приказна вредна за паметење. Ревијата беше доказ дека македонската модна сцена е на прагот на големи промени, носејќи со себе свеж дух и нови идеи.

Анастасија Атанасовска // колекција: “Timeless Romance”
Марија Пољакова // колекција: “Loud Silence ”
Ненад Селкиќ // колекција: “Power and provocative ”
Христина Стојаноска // колекција: “Safari”
Олгица Тренеска // колекција: “Dialing into dreams – When fantasy meets rhythm over the airwaves“
Симона Трајковска // колекција: “Tortured Artist”
Радмила Давидовиќ Настев // колекција: “Limitless”
Леона Бибановска // колекција: “Goju-no-to”

 

 

Академија за моден дизајн

 

 

Што значи да се учестува на најважниот моден настан?

Учеството на Fashion Weekend за мене означува остварување на моите соништа и е многу значаен чекор како почеток на мојата модна кариера. На овој настан не само што беа изложени моите дизајни, туку имав можност и да се поврзам со професионалци од индустријата,  колеги,  дизајнери. За мене е непроценливо искуство каде што можев да ја искажам мојата страст за модата и ме инспирираше за прв пат да ги преминам границите кои сум си ги поставувала сама на себе. Учеството на Fashion Week ми овозможи да започнам да се оформувам како дизајнер и успешно да влезам во модниот свет.– Анастасија Атанасовска

 

 

скала-моден-викенд-скопје

Анастасија исто така им сподели и корисни совети на новата генерација студенти
На новите студенти на Скала, би им препорачала да ги искористат сите можности
кои им се нудат. Да не се плашат  да експериментираат со нивните дизајни и идеи, бидејќи ова е вистинското место и време да се покаже креативноста.  Отанете си верни на вашиот уникатен глас и визија, бидејќи автентичноста е она што ќе ве издвои во модната индустрија.

 

Соработката помеѓу студентите и менторите продолжува


Покрај учеството на новата генерација студенти, учество зедоа и нашите алумнистуденти кои ги реализираа своите креации под менторство на реномирани македонски дизајнери, со цел да создадат капацитети и вештини во текстилната индустрија.

Уникатните парчиња на младите дизајнери беа дел од изложбата Young Designers Exhibition, во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион 2“, спроведуван од Гласен текстилец, а финансиран од фондацијата Kvinna till Kvinna и Шведска.

 

Овие парчиња облека беа донирани на добротворната аукција Fashion with a Cause, промовирајќи jа свесноста дека модата може да биде и општествено ангажирана.


Сара Величковска // ментор: Никола Булески
Михаела Штерјова //  ментор: Антонија Гугинска-Орданоска
Татјана Гиновска // ментор: Александар Ношпал
Марија Трајковска // метнор: Катерина Тошева
Снежана Ефковска // ментор: Никола Булески

 

 

скала-моден-викенд-скопје



Модните креации на студентите од „Скала“ се доказ дека со правилна поддршка и менторство, младите дизајнери можат да го остварат својот потенцијал и да создадат успешна кариера во модната индустрија.

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: