Skip to content
Скала Инфлуенсерс клуб академија за дигитален маркетинг соработка

Influencers Club х Скала: Нови можности за дигиталните маркетери

Со огромно задоволство ја најавуваме нашата нова соработка со „Influencers Club“, компанија која од скромен почеток прерасна во еден од водечките глобални сервиси за cold email outreach. Нивната посветеност, иновативен пристап и јасна визија за иднината се совпаѓаат со нашата мисија – создавање реални можности за професионален развој на студентите од Академијата за дигитален маркетинг на Скала. 

 

Од обработка на јавни податоци до платформа која брендовите ја користат за да најдат совршени креатори на содржина – каде и да се во светот, „Influencers Club“ преку cold email outreach го редефинира начинот на кој функционира модерниот маркетинг и покажува што значи вистинска моќ на идејата.

 

Како дел од нашата заедница, оваа компанија ќе отвори врати за студентите на „Скала“ да бидат дел од реални проекти, да стекнат искуства и да учат од најдобрите во индустријата.

 

Скала Инфлуенсерс клуб академија за дигитален маркетинг соработка

По тој повод, на гости во Скала ни дојдоа Бобан Петковски – Head of RevOps, Дончо Миладинов – Head of Partnership и Тина Караташева – Head of HR од „Influencers Club“. 

Средба во формален контекст и неформален пријателски амбиент, зборувавме за новите маркетинг тенденции, важноста на соработката помеѓу образованието и индустријата, но заклучивме со многу нови информации за идната соработка и можности за студентите на Скала. 

 

Академија за дигитален маркетенг

Закажи средба [тука] со нашиот тим.

 

Скала Инфлуенсерс клуб академија за дигитален маркетинг соработка

Скала Инфлуенсерс клуб академија за дигитален маркетинг соработка

Скала Инфлуенсерс клуб академија за дигитален маркетинг соработка

Ја прашавме Тина Караташева што е најважно за студентите при подготовката за работните предизвици и како успешно да се прилагодат на динамичниот пазар. Таа ни одговори:

Најважно е да ја задржат желбата за учење и иновации. Живееме во свет кој многу брзо се менува и, со тоа, ни налага постојано да развиваме нови вештини и да се прилагодуваме на промените. Повеќе од одлични се сите академии коишто Скала ги нуди, како и останатите компании со слични услуги, но учењето не запира тука, напротив, тоа само што започнува. Студентите не треба да се плашат да пробуваат нови методи, нови алатки и да ги носат како идеи. Не треба да се плашат од неуспех – затоа што ние не го гледаме тоа како неуспех, туку како иновација и дури го поттикнуваме.

 

Скала Инфлуенсерс клуб академија за дигитален маркетинг соработка

Кои се бенефициите и можностите од соработката помеѓу „Influencers Club“ и Скала ?

Најголемиот бенефит за нас како компанија е пронаоѓањето на топ таленти кои се амбициозни и гладни за учење. За студентите, најголемиот бенефит од internship или работа во нашата компанија е можноста за учење на најновите методи и алатки, како и можноста да учат од луѓе кои веќе со години се дел од Creator Economy просторот – сектор кој се развива не само кај нас, туку и на глобално ниво.“– ни сподели Тина

 

Скала Инфлуенсерс клуб академија за дигитален маркетинг соработка

Преку оваа соработка, отвараме нови можности за развој на студентите на Скала.

Ова партнерство претставува чекор напред во создавањето на амбициозна и иновативна генерација која ќе ги води идните трендови во маркетинг индустријата.

 

Заедно се радуваме на претстојниот период и новитетите што следат. ❤️

 

Академија за дигитален маркетенг

Закажи средба [тука] со нашиот тим.

 

скала ваучер студирање академија

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: