Skip to content

ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА: ПРОДУКТ ДИЗАЈН



Секој од студентите од Академијата за продукт дизајн има различен стил во кој се испреплетуваат различни техники од полињата и предметите кои ги изучуваат и практикуваат. Без разлика дали се работи за дизајн на ентериер, мебел или конкретен продукт, студентите имаат свој личен пристап кон процесот на дизајнирање.

Оваа сторија има за цел да претстави само дел од изложбата „Парадигма“ која ќе се отвори на 16 октомври, во 19ч.- Јавна соба.

 

__________

МАРИЈА ЦВЕЕВСКА

 

Марија Цвеевска е машински инженер и студентка на Академијата за продукт дизајн. Таа е мултипотенцијален дизајнер, со повеќе различни интереси. Во иновативноста и дизајнот ги комбинира аналитичкото и логичкото размислување од инженерски аспект.

 

ОРИГАМИ МАГНЕТНА ЛАМБА

 

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДУКТ ДИЗАЈН
ПРЕДМЕТ: Интерактивни системи
МЕНТОР: Јована Јованова

Инспирација: Индиски фенер од Хартија кој ја симболизира духовната „победа на светлината над темнината и доброто над злото “.

 

Оригами дизајните не само што можат да дадат детални скулпторски дела туку тие исто така користат моќни математички принципи кои имаат најдено примена во инженерството и индустрискиот дизајн. Овие оригами-светилки со магнет се мое модерно решение на Индиските фенери што се прават со отворање рамномерно распределени отвори во хартијата и ме инспирираа да издизајнирам два елементи за осветлување кои делуваат како дел од семејство.

Самостојната ламба е магнетна светилка што дава амбиентално осветлување. Двете кружни јадра во нејзиниот центар ја вклучуваат светлината кога левитираат во воздухот. Кога ќе ги споите 2-те кружни јадра заедно, тие ќе останат суспендирани и осветлувачкиот елемент вграден во рамката ќе светне.

Светилката за на маса е магнетна светилка која дава амбиентално осветлување. Кога магнетното јадро позиционирано на горниот дел од ламбата се турка нагоре, колото е завршено и светлото се вклучува.

 

 

__________

ЕНА СТОЈАНОВА

 

Ена Стојанова е апсолвент на Факултетот за Дизајн на мебел и ентериер и студентка на Академијата за продукт дизајн. Ентериерите проектирани од Ена се оние кои се истакнуваа во текот на оваа година, a нејзиниот мебел инспириран од природата во три колекции е оној кој ќе го разгледаме подетално.

 

СИМБИОЗА СО ПРИРОДАТА
Деконструирана кујна изработена од органски отпад

 

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДУКТ ДИЗАЈН
ПРЕДМЕТ: Продукт дизајн
МЕНТОР: Никола Узуновски

 

Големото количество на отпадоци кое се добива како резултат на производство и употреба на храна е проблем на кој работат различни индустрии. Размислувајќи на оваа тема од моја перспектива, идеата да разработам кујна на база на отпадоци добиени при производство на храна ми дојде природно.

Иако на пазарот има голем избор на материјали изработени од отпадоци од храна, за овој проект, бидејќи станува збор за дизјан на кујна, ми беа потребни материјали со специфични карактеристики.
Поконкретно, материјалите треба да бидат цврсти, водоотпорни, отпорни на висока температура, отпорни на гребење итн. Материјалот кој најмногу преовладува во овој дизајн е изработен од лушпи од житни култури (ориз, пченка, жито итн), во комбинација со рециклирано масло за готвење и сол.
На пазарот веќе постои материјал сличен на ова – Resysta, кој се употребува за подни облоги, ѕидни облоги за надворешни услови, за изработка на мебел итн. Со мали модификации на овој материјал се добива плоча со соодветни перформанси. За работните површини од кујната користам уште еден материјал, изработен 100% од шкрги од риба. Материјал сличен на ова е наречен Scalita и има одлични карактеристики. Алтернативно решение би бил материјал изработен од отпадоци од производство на кафе и лушпи од портокал, материјал од отпадоци добиени при производство на ајвар итн.

Освен што употребувам одржливи материјали, имав идеа и самата форма на оваа кујна да биде одржлива. За таа цел изработив деконструирана кујна составена од 4 посебни подвижни елементи:
• Мокар елемент, составен од: мијалник, саксија за растенија, шанк;
• Еколошки елемент, составен од: компост, корпа за рециклирање пластика, саксија за растенија и простор за складирање;
• Ладен елемент, составен од: фрижидер, замрзнувач;
• Топол елемент, составен од: рингли, рерна, простор за складирање.

 

 

 

__________

МЕДИНА УСЕИН

 

Медина Усеин студира архитектура, а истовремено е и студент на Академијата за продукт дизајн. Преку дизајнот и иновативноста се насочува кон функционално размислување и добар привлечен изглед.

 

ЕФИКАСНОСТ

 

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДУКТ ДИЗАЈН
ПРЕДМЕТ: 2Д Скицирање
МЕНТОР: Апостол Тноковски

 

 

Combined Drawing Pencil

Вистинската идеја е да се направи нешто за да им биде многу полесно на уметниците кои користат многу повеќе моливи. Не сакаме неред кога се концентрираме на цртање или дизајнирање.

Foldable Solar Bicycle

Идеата беше да се има сепак нов велосипед кој ја следува технологијата и исто така да може да се преклопува,но сепак да се избегне премногу едноставноста на технологијата која ни ја овозможува. Велосипедот поседува fitness tracker, phone holder and charger и светилки кои ги управува соларните панели помегу тркалата.

Bottle cup

Овој дизајн е инспириран од сијалица која поседува два дела. Исто така и ова шишенце е поставено од два дела, едниот дел е капакот на шишето кој всушност може да се користи како чаша и вториот дел е шишето кое поради формата не може да се превртува. Специјално за овој дизајн е дека надворешно би било обвиено до материјалот VEROMETAL ANTIMICROBIAL кој барем малку би нѐ заштител во оваа денешница.

 





_________
Од „Џолев и уметностите“ информираат дека уписите за новата генерација на Академијата за ентериер и продукт дизајн [2020/21] се во тек.

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: