Skip to content
графички дизајн хакатон скала

ХАКАТОН: Метаноја х Скала – создаваме инспиративни решенија

Нова креативна соработка во Скала! Овојпат помеѓу студентите од Академијата за графички дизајн и „Метаноја“.

Во чест на 25 години постоење, „Метаноја“ – познатата издавачка куќа, литературно кафе и галерија во центарот на Скопје – се подготвува да го прошири својот магичен свет со нова секција посветена на најмладите. Инспирирани од книгите „Светот на сребрениот кладенец“ и „Создавањето на златниот свет“ од Коста Милков, основачите Нада и Коста Милков, сакаат да создадат простор каде што децата ќе можат да истражуваат, учат и да го осознаваат светот преку креативни искуства.

За да ја оживеат оваа визија, „Метаноја“ ја покани новата генерација графички дизајнери – студентите од Академијата за графички дизајн при „Скала“ – да создадат лого и визуелен идентитет за детската секција. 

Ова лого ќе стане дел од сите идни изданија на детски книги, обележувајќи го почетокот на ново поглавје во приказната на „Метаноја“.

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

Што ве мотивираше да соработувате со Скала?

Коста Милков и Неда Милков, сопствениците кои стојат зад „Метаноја“, ни објаснија зошто „Скала“ е нивниот партнер за овој проект.“

„Скала“ ја одбравме како партнер за реализација на проектот „Метаноја“ благодарение на нашата долгогодишна успешна соработка со основачот и еден од стручните соработници во „Скала“. Ова искуство не само што изгради професионална доверба, туку и создаде заемна почит и пријателство коешто остана константна инспирација за нашата заедничка работа. 

Имајќи го предвид горенаведеното во контекст на тоа дека „Скала“ функционира како Школа за дизајн и технологија, настана идејата во проектот „Метаноја“ да бидат вклучени студентите кои тековно ја посетуваат наставата за дизајн. Имено од секој од нив посебно беше побарано да разработат идејно решение. Едно од нив ќе биде избрано за да се развие во конечен продукт под покровителство на менторскиот тим на „Скала“.  

Од почетоците на „Скала“ па досега, видлив е извонредниот придонес на оваа креативна иницијатива во сите области со коишто се занимава. Покрај веќе кажаното, ваквите добри впечатоци беа важни фактори за нашата одлука за соработка.

 

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

Кои се вашите цели и очекувања од оваа соработка за создавање на лого за „Златниот свет на Метаноја“, и што го прави овој проект уникатен?

„Метаноја“ годинава одбележува дваесет и пет години од основањето. Радосни сме дека низ овие две и пол децении, основната визија остана непроменета, додека во неа се вклопуваа нови креативни и концептуални идеи. Така, од она што во 2000 беше издавачка куќа и прва книжарница и интернеткафе во Македонија, сега стигнавме до „три во едно“: издавачка куќа, литературно кафе и уметничка галерија. Токму на оваа „четврт век-годишнина“, созреа времето да ја вклопиме визијата за детскиот импринт и катче „Златниот свет на Метаноја“. На овој начин, она коешто „Метаноја“ со години го претставува и застапува во име на децата ќе добие и конкретна платформа и физички простор. Децата ќе можат да имаат свое катче каде што би биле поттикнати кон некои од најважните сфери за развојот на личноста, а тоа се пишаниот збор, уметноста и играта како медиум којшто ќе ги поврзе овие насушни потреби за децата во едно. 

Истовремено, очекуваме новото лого и севкупното графичко и уметничко решение да бидат автентични и да носат свој карактер.

Сакаме графичкото решение да биде впечатливо, привлечно и јазично прилагодено на децата и младите. Очекуваме да поттикне мечта и љубопитство, да го инспирира детскиот интелект, а истовремено да ги предизвикува на размислување и креативност.

Уникатноста на овој проект лежи во заемното препознавање на талентите и квалитетите на двете страни. Тој е резултат на заеднички труд, истрајност и разбирање – и во периоди на успеси и во мигови кога биле потребни трпение и поддршка – ни појаснија Коста и Нада. 

 

 

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

Вистински предизвик за реален проект!

Дознавме од Лазар Петкоски и Каролина Арменска како изгледал хакатонот за „Златниот свет на Метаноја” од нивна гледна точка, од брифингот до креирањето на логото.

Хакатонот беше доста интересно искуство и ми е мило што имав прилика да учествувам на овој проект, воедно и да го изработам моето прво лого за клиент. Бевме пречекани со топла, пријатна и опуштена атмосфера, убав амбиент, вкусна храна и добра музика.

На брифингот, клиентот сподели некои информации и детали околу проектот, како и некои почетни насоки и детали коишто би послужиле како наша инспирација во изработката на логото. Потоа следеа почетните идеи и замисли, доста се посветив, вложив многу време и труд и успеав да дојдам до конечното решение. 

Земајќи предвид дека скоро сите сме почетници и само што влегуваме во светот на графичкиот дизајн, сметам дека дадовме сè од себе и треба сите индивидуално (и групно) да сме горди со тоа што го постигнавме на овој наш прв заеднички проект– ни сподели Лазар

 

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

 

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

Додека пак Каролина се надоврза: 

Хакатонот за „Метаноја“ беше голем предизвик, особено ако се земе предвид дека се одржа само два месеци по почетокот на наставата. Имавме можност да работиме на реален проект каде што секој од нас беше соочен со предизвикот да ги примени стекнатите знаења во практична ситуација.

Сè започна со брифингот од Коста и Нада којшто беше јасен и концизен. Добивме насоки за визијата на клиентот и поентата што треба да ја пренесеме преку логото. Веднаш по брифингот, нашиот ментор Влатко Ристов ни помогна со насоки за развој на идејата преку mind mapping и moodboarding. Овие методи ни овозможија подобро да ги структурираме идеите и да ги визуелизираме можните насоки за дизајнот. Во процесот изработивме први скици за логото, а со конструктивните критики од менторот Влатко, направивме важни корекции и подобрувања.

Финалната фаза беше петчасовниот хакатон со менторот Дејан Џолев каде што ги презентиравме нашите логоа, добивме дополнителни совети за подобрување и научивме како професионално да го презентираме финалното лого на клиентот. Ова беше многу интересно искуство коешто ни помогна да го разбереме процесот на создавање лого од идеја до реализација.

 

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

 

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

 

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

Важноста на методолошкиот пристап при создавање визуелна комуникација

При секоја работа се соочуваме со низа предизвици, па така Каролина и Лазар ни споделија со кои предизвици тие се соочиле и како ги надминале со помош на ментнорите Ватко Ристов и Дејан Џолев. 

Еден од најголемите предизвици беше како да се преточи целосната визија на клиентот во едно лого коешто ќе биде во склад со брендот на Метаноја. Кога имате многу насоки и идеи, понекогаш е тешко да се најде вистинскиот правец. Благодарение на Влатко, научивме како да го филтрираме најважното од moodboard-от, што да задржиме, а што да елиминираме за да го добиеме логото.

Дополнителен предизвик беше како професионално да го претставиме нашето лого пред клиентот. Тука ни помогна Дејан Џолев, кој ни даде совети не само за визуелниот изглед на  логото, туку и за тоа како да го спакуваме целосниот концепт во јасна презентација. Од него научивме како да аргументираме зошто одредени елементи се избрани, како визуелната комуникација влијае врз брендот и како најдобро да го пренесеме нашето дизајнерско размислување на клиентот. – изјави Каролина

 

 

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

 

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

Лазар пак, сподели: 

Се соочив со неколку предизвици и пречки, сепак успеав да ги надминам со помош на менторите Ристов и Џолев кои ни беа на располагање во секое време и ни беа максимално посветени. 

Вклучувајќи го и менторот Зоран Кардула, сите тројца ми дадоа совети и насоки кои навистина ми помогнаа околу финалниот резултат – благодарен сум им за тоа.

Лично сметам дека по ова искуство, добив некоја доза на мотивација и самодоверба и иако сум сè уште почетник и студент на академијата, можам да се замислам во иднина како работам на многу проекти слични на овој.

Им посакувам среќа на колегите и нека победи најдоброто лого.

 

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

 

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

„Скала не е само место каде што учиме дизајн, туку заедница којашто инспирира“

 

Без двоумење можам да кажам дека ни една минута не зажалив што сум дел од оваа академија. 

Најмногу го ценам пристапот на менторите – секој од нив има свој уникатен начин на пренесување знаење, со слобода да го изградиме нашиот дизајнерски стил. Часовите се интерактивни и исполнети со предизвици коишто нè тераат да размислуваме како вистински професионалци.

Тимската работа е нешто којашто ја прави Скалапосебна. Секој од нас несебично споделува знаење, помага и дава совети. Скала не е само место каде што учиме дизајн, туку заедница којашто инспирира, охрабрува и нè поттикнува да растеме и да се развиваме како дизајнери. – ни раскажа Каролина. 

 

 

Почнав на академија пред неколку месеци и досега имам доста позитивно искуство. 

За кратко време научив многу работи и мислам дека конечно си го пронајдов мојот пат и идната професија. 

За ова, заслуга има програмата на „Скала“ којашто е направена и за почетници, а и луѓе со некое претходно искуство во оваа област кои ќе имаат можност да го надополнат нивното знаење – и менторите кои ни се максимално посветени и знаат да го пренесат своето искуство и знаење.

 Посебно сум задоволен од менторот Кардула кој има долгогодишно искуство, подеднакво е посветен на сите нас, секогаш е тука да помогне и да даде совет, има доста трпение и се гледа дека сè што прави и кажува е од срце. 

Ги охрабрувам сите кои се мислат – ич да не се мислат и да се запишат на Скала – порача Лазар 

 

метаноја скала лого бриф академија за графички дизајн

Ова партнерство меѓу Метаноја и Скала е сведоштво за моќта на менторството и практичното искуство. Не се работи само за создавање лого; туку за негување млади таленти и поттикнување на идната генерација креативни лидери. Оваа соработка изгради мост меѓу генерации на креативци, прославувајќи ја  заедницата, споделената визија и трансформативната моќ на дизајнот.

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: