Skip to content
испитна сесија графички дизајн реални проекти скала

Графичките дизајнери со портфолија спремни за креативната индустрија

Студентите на Академијата за графички дизајн[погледни повеќе]  го заокружија своето патување оваа академска година со спектакуларна завршна испитна сесија!

Во креативна атмосфера полна со позитивна енергија и инспирација, тие ги претставија своите завршни проекти преку целосен дизајн процес – од темелно истражување и смело концептуализирање, па сѐ до професионални финални решенија.

Секој проект е уникатна приказна – од првична идеја до финална имплементација. Студентите ги споделија своите инспирации, предизвици и дизајнерски патешествија пред менторите и докажаа колку многу пораснале како креативно и технички така и професионално и тоа за само неколку месеци.

Главен фокус на испитната сесија беа проектите по предметот Методологија на дизајн кај менторката Гордана Вренцоска, Графички дизајн кај менторот Петар Павлов и предметот Визуелни комуникации кај менторот Дејан Џолев.

Еве што студентите ни споделија за своите проекти…

академија за графички дизјан скала изпитна сесија 2

Елеонора Андова, студентка на Академијата за графички дизајн, ни раскажа повеќе за своето решение за  дизајн на пакување за takeaway храна  на добро познатиот бренд – „Крофните од Хром” по предметот Графички дизајн кај менторот Петар Павлов.

Верувам дека визуелниот идентитет има моќ да ја пренесе суштината и духот на производот, а често токму квалитетниот дизајн станува пресуден фактор при изборот на бренд. Ова лично искуство ме инспирираше да ја изберам токму темата за креирање пакување за takeaway храна кое надминува обична обвивка, нешто што досега не сум имала прилика да го сретнам на нашето поднебје, со цел да биде практичен и вистински медиум за комуникација и пренесување на вредности.

 

За предизвиците низ процесот Елеонора сподели…

Предизвик ми беше да креирам дизајн со типографија, една од потешката област во графичкиот дизајн. Целта ми беше да создадам концепт кој ќе ја пренесе ретро естетиката , но и автентичност, дизајн кој ќе раскажува приказна преку формата и текстот, а сепак ќе остане препознатлив и применлив во контекст на производ.

 

 

Додека пак за соработката со менторот Петар Павлов…

Бевме во постојана комуникација во фазите од развојот на дизајнот за пакувањето. Менторот постојано ми даваше конструктивни насоки и поттик да истражувам подлабоко и да размислувам критички за секоја одлука во дизајнот. Тоа многу ми помогна да го унапредам својот пристап и да го издигнам проектот на едно повисоко ниво. – изјави Елеонора

 

пакување крофните од хром

 

крофните од хром елеонора андонова графички дизјан

Елеонора Андонова – дизајн на пакување на takeaway храна „Крофните од Хром“

 

 

испитна сесија2 академија за графички дизјан скала

Пријави се
 ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ВО СКАЛА

 

Стефани Василевска пак ни сподели повеќе за нејзиното дизјан решение по предметот „Визуелни комуникации: постер со применета фотогрфија“.

Се одлучив за оваа тема бидејќи насилството врз жените претставува сериозен општествен проблем кој често останува скриен и занемарен. Со овој постер сакав да испратам јасна порака дека молчењето не е решение, и дека секоја жена заслужува безбедност, поддршка и охрабрување да проговори и побара помош.

Додека пак при процесот на креирање се соочив со предизвикот како визуелно и емоционално да ја пренесам пораката на постерот. Сакав дизајнот да биде впечатлив, но истовремено сериозен, со силна порака која ќе допре до публиката. Беше важно внимателно да изберам бои, типографија и композиција за да ја потенцирам темата и да привлечам внимание без да го нарушам достоинството на жртвите.

 

За  соработката со менторот Дејан Џолев таа ни раскажа… 

За соработката при процесот, за менторот би сакала да кажам дека неговото водство беше многу корисно. Добиените насоки, сугестии и поддршка ми помогнаа полесно да ја развијам идејата и да го подобрам финалниот изглед на постерот. Менторот ми овозможи да размислувам покритички и креативно во однос на темата.

 

Стефани Василевска ментор визуални комуникации

Стефани  Василевска- постер со применета фотографија „Гласно против насилството врз жените

 

Академија за графички дизајн

Закажи средба со нашиот тим.

 

академија за графички дизјан испитна сесија 2

 

испитна сесија 2 академија за графички дизјан скала

Пријави се
 ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ВО СКАЛА

 

Лазар Петкоски ни раскажа нешто повеќе за неговиот проект по предметот „Методологија на дизајн: графичка стилизација на мотив и примена“.

Инспирацијата произлезе од самата пеперутка – симбол на женственост, трансформација и елеганција. Таа идеја ме водеше низ целиот процес на создавање на Illusia – премиум бренд за нега на кожа и коса, наменет за жени.

Проектот започна со фотографија која послужи како визуелна основа за рачни скици, што понатаму ги развивме во финално лого и логотип. Процесот беше и креативен и едукативен – низ практична работа научив како се трансформира една форма во целосен визуелен идентитет. Откако го финализиравме логото, креиравме замислен бренд, развивме продукти и дизајниравме постер во кој логото беше централниот дизајн елемент.

Со менторката Гордана Вренцовска имав исклучително продуктивна соработка – нејзините насоки и континуирана поддршка беа од огромно значење за развојот на мојата идеја.

 

 

бренд индентитет методологија на дизјан Гордана вренцоска

Лазар Петкоски – графичка стилизација на мотив и примена: Illusia – премиум бренд за нега на кожа и коса, наменет за жени.

Академија за графички дизајн

Закажи средба со нашиот тим.

 

академија за графички дизјан испитна сесија 2 скала

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: