Skip to content
скала изложба академии за дизајн џолев

Ентузијазам и продор на новата дизајн сцена

Во саботата, на 6 јули, во просториите на Public Room се одржа „Продор“ – финална дизајн изложба на студентите од „Скала“. И покрај летните јулски горештини, +1000 лица ја посетија изложбата на нашите студенти и се запознаа со новата дизајн-сцена во градот!

 

Преку изложбата, зборот „Продор“ доби сосема ново значење за сите 140 студенти кои беа избрани како учесници на изложбата. Со повеќе од 500 дела, обединија различни области на креативноста, претставени во 3 хали. 

скала изложба академија дизајн џолев

 

Дизајнерски продор на 140 студенти од „Скала“ со повеќе од 500 дела

 Хала бр.1 беше резервирана за студентите од академиите за графички дизајн, ux/ui+ дизајн и академијата за фотографија, каде што студентите се претставија со графички дизајн-решенија: адвертајзинг, дизајн на пакување, корпоративен и визуелен идентитет, веб дизајн и апликации, фотографија и применета фотографија, графички илустрации и сл. 

Благодарение на тимот на „Скала“ и колегите од сите академии, успеавме заеднички да ја реализираме изложбата! Иако за првпат се соочив со креирање концепт на изложбена поставка, најважно ми беше тоа што имав можност јавно да ја претставам мојата креативност – вели Дона Димов, студентка на Академијата за графички дизајн.


Дона, исто така, додава:

Низ предавањата и практичната настава, која ни овозможи креирање различни видови графички решенија, имав несекојдневна можност да запознаам и млади талентирани колеги со многу студентски ентузијазам, енергија и мотивација!

 

 

изложба скала дизајн академија графички дизајн ентериер веб фотографија илустрација продукт едукација
изложба скала дизајн академија графички дизајн ентериер веб фотографија илустрација продукт едукација

 

Соседната хала беше креативен „џумбус“! Студентите од академијата за ентериер и продукт дизајн изложија продукт и дизајн на мебел, проекти за ентериерно уредување, 3д модели и 2д концепт скици. Спроти нив, студентите од академијата за моден дизајн се претставија со модни колекции и модни креации, модни илустрации, како и работни процеси, технички цртежи и скици.

 

академија за моден дизајн факултет скала џолев
ентериер и продукт дизајн скала академија

 

Хала бр.3 беше „темната соба“, кадешто можеа да се погледнат аудио-визуелните дела на студентите од академијата за визуелни уметности, и тоа: кратки филмови, анимации, моушн-дизајн, музички и рекламни видеа, а исто така беа вклучени и филмски едити од програмата филмска режија и филмски актер.

 

Улогата на изложбата е клучна во креативната индустрија

Суштината на изложбата е студентите да ја покажат својата работа пред пошироката публика, создавајќи нови контакти за вмрежување и соработка.  

Дејан Џолев, основачот на „Скала“, ја потенцира улогата на изложбата како мост помеѓу образованието и индустријата, каде што младите таленти со своите дела можат да го докажат своето знаење, вештини и креативност пред пошироката публика, Џолев додава:

Изложба за дизајн е многу повеќе од забава за најблиските. Изложбите на Скала се редовно посетувани од регрутери и менаџери од најзначајните компании во креативните индустрии, бизнис-секторот и старт-ап заедницата. Квалитетот на студентите веднаш се препознава и уште на самата изложба се разменуваат контакти со потенцијаните работадавци и соработници.

 

 

Изложбата е и идеален начин за неформални средби со креативците, дизајнерите и со сите љубители на културата во градот. Секако, тука е и забавата! На крајот од денот, студентите навистина заслужија да ги прослават своите успеси по цела година напорна работа и труд на Академиите.  Затоа беше тука и DJ Марко Вилиќ, кој со својата избрана музика придонесе уште повеќе за убавата атмосфера на настанот.

 

драги неделчевски скала

 

Студентите од „Скала“ се подготвени за професиите на новото време

Школата за дизајн и технологија „Скала“ веќе 13-та година со гордост ги подготвува студентите за професиите на новото време и ги создава најквалитетни кадри во областа на дизајнот и технологијата. 

Во меѓувреме, во тек се уписите на нови студенти за учебната 2024/25 година. Доколку сакаш да започнеш нова кариера, сега е вистинското време да закажеш средба со наставниот кадар на „Скала“, кој ќе ти помогне да донесеш информирана одлука за следното скалило од твојот професионален развој!

 

 

 

 

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: