Skip to content
akademija-za-enterier-i-produkt-dizajn-skala-school-kariera

Ентериер и продукт дизајн // Кои се можностите за кариера?

 

 

Да почнеме од почетокот – со дефинирање на поимите.

Кога ќе се спомене зборот ентериер – прво што помислуваме е некакво внатрешно уредување, внатрешно „местење“ на просторот, и не сме далеку од вистината. Ентериер дизајн значи токму тоа, да се создава изгледот и чувството на еден простор, без оглед дали е внатрешна просторија, зграда или затворена околина. Ентериер дизајн е архитектонско – дизајнерска дисциплина, а во современиот начин на живеење, за оваа дисциплина има голем интерес, особено за младите кои имаат уметнички израз и „прецизно“ око за внатрешен стил, дизајн и елементи во одреден простор.

Што значи пак продукт дизајн? Ова е исто така уште една дисциплина која го опишува процесот на идеја, креација и создавање на производ кој ќе биде корисен како продукт за специфични потреби на даден пазар или корисник. Продукт дизајнот е отворена врата за креирање на иновативни решенија за човечките потреби, и е една од најбараните професии во 21 век, поради обемноста на технолошките пронајдоци, но и елеганцијата на одредени креативни решенија кои се во моментов актуелни. Она што е важно да се напомене во создавањето на еден продукт е тој да биде корисен и ергономски, а да не биде само дизајнерско решение без практична примена.

 

Одлични идејни решенија имаат остварено и нашите студенти, со креативни пристапи кон неколку различни дизајни како: фенер од хартија, мебел инспириран од природата, соларен велосипед, но и ламба која истовремено може да биде и вазна/саксија за цвеќе.


Дел од нив можете да ги прочитате во серијата објави на „Скала магазин“, во рубриката „На скалички со“, каде што ни споделија повеќе и околу искуството во креирањето на нивниот продукт.

Повеќе можете да прочитате за нив и на нашиот блог овде.

Ентериер и продукт дизајн се несомнено поврзани. Невозможно е да функцираат едни без други, а зависно од потребите на пазарот или одреден клиент, така се адаптира и функционалноста на бараниот производ.


 

 

 

 

КОИ СЕ МОЖНОСТИТЕ ЗА КАРИЕРА?


Во свет кој е „жеден“ за нови и нови идеи, за создавање се поедноставни, а ефективни парчиња мебел, осветлување, или уредување филхармонија, па и дизајнирање аеродинамичен автомобил… Можностите се бескрајни – потребно е само вложување енергија, знаења и вмрежување со професионалци во областа.


Ако сакате да станете дел од овие индустрии, Академијата за ентериер и продукт дизајн во Скала – Школата за дизајн, уметност и технологија е совршен почеток за вашите идеи. Не само што ќе имате можност во непосреден и неформален стил да ги посетувате часовите, ќе можете одблизу да се запознаете и со професионалните дејности на нашите ментори, а со тоа да го увидите и директниот импакт на работата која можете да ја работите во иднина.

За искуствата со студентите и можностите за вработување, нашиот ментор на Академијата за ентериер и продукт дизајн Илија Паунков ни пренесе неколку интересни видувања околу предавањата, но и можностите за кариера:

На студентите на Академијата, најважно ни е да им пренесеме практични примери, запознавање со материјали, но и да запознаат професионалци во различни сфери. Ги носиме директно кај производители или трговци со одредени материјали, да можат да видат и самите со каква „суровина“ ќе работат во иднина. Битно ни е да се на терен, да видат почетен процес на пример од груба градба до финиширање на самиот објект.

 

 

 

ШТО ЗНАЧИ СТЕКНУВАЊЕ РАБОТНО ИСКУСТВО?



Поврзувањето со компаниите за кои би биле заинтересирани да работите е многу важно. Тоа може да бидат студија за внатрешен дизајн и архитектура, консултации за дизајн, градежни компании, агенции за визуелен маркетинг, па дури и театри и филхармонии.


Учествувањето во „живо“ во процесите на работа, како и одењето на терен може да ви биде од голема корист и да ве мотивира и поттикне на нови видици и перспективи. На ова, Паунков додава:

Студентите изучуваат техничко цртање и 3D Modeling и можат да работат во индустријата за 3D дизајн и конкретно моделирање и рендерирање, а ги привлекува визуелниот ефект да дознаат како ќе изгледа на крајот еден производ или објект. Можностите за вработувања се големи, ако барате отворени опции овде, но и надвор. Не треба да се прифаќаат секакви проекти по цена на вашиот личен печат и дизајн, потребно е да се има и сатисфакција кога ќе создадете нешто.

 

 

ИНТЕРЕСЕН ФАКТ: нашиот ментор не разликува бои (има далтонизам), но тоа не го спречило да работи професионално во областа!

 


Секогаш барајте ги можностите во кои нема да имате ограничувања, за да се изразите слободно. На нашиот пазар, предничат можностите за фриленс работа кај голем број производители и компании за ентериер, дизајн студија, архитектонски фирми, каде има голем интерес за млади таленти кои сакаат да работат во оваа индустрија. Убавината во оваа работа е што сами си го организирате времето и процесот на работа, а и финансискиот бенефит е поголем.


Токму затоа, по завршувањето на Академијата, студентите имаат можност да ги претстават своите финални продукти пред избрани компании од индустријата, а потоа ги следува и работна пракса, но и истите да ги материјализираат со помош на нашите партнери преку Скала продавница, но и како дел од дигиталната платформа за промоција на млади автори, Скала магазин.

 

Студентски проекти – Скала Школа за дизајн и уметност


Уписите за Академијата за ентериер и продукт дизајн се во тек! Информирајте сѐ повеќе за програмата, менторите и начинот на одржување: тука.

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: