Skip to content
добро утро креативци 5

Добро утро креативци 5.0! – Вашата визија во акција

Традиционално најголемиот „Скалаџиски“ празник – „Добро утро креативци“, саем за размена на креативни искуства и размисли и оваа година собра над 200 креативни умови, љубопитни истражувачи и амбициозни визионери.

Настанот се претвори во вистински фестивал на идеи, инспирација и нови познанства, кадешто се споија личните приказни со професионалните амбиции, а атмосферата беше исполнета со позитивна енергија, мотивација и желба за нови знаења.

Работилници за искуство и визија

Маја Илиоска Златков, сениор соработник за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка и дел од поширок менторски тим од 16 ментори на Академијата за дигитален маркетинг [погледни повеќе] при „Скала“, ја предводеше работилницата „Маркетинг лабораторија: Стратешко планирање на настан“. Таа го сподели своето богато и разнолико искуство во организација на физички и дигитални настани. Учесниците не само што стекнаа методолошко знаење, туку имаа и можност да работат на практична вежба.

 

маја илоска златков работилница за стратешко планирање на настан добор утро кретивци скала

маја илоска златков работилница за стратешко планирање на настан добор утро кретивци скала

 

маја илоска златков работилница за стратешко планирање на настан добор утро кретивци скала

 

Најпопуларната и најпосетената работилница со повеќе од 50 учесници ја одржуваа нашите алумни студенти од Академијата за видео продукција, анимација и дигитални медиуми [погледни повеќе] Лазар Зафировски и Бојан Матејин. Тие денес се на важни позиции во компаниите од коишто се дел и тоа Лазар е Social Media Campaign Manager во Telekom MK додека Бојан е Video Content Creator во Publicis Groupe Macedonia. Нашите и ваши „ТикТок гуруа“ одржаа енергична работилница посветена на TikTok продукција и growth маркетинг. Со заразна енергија, релевантни мемиња и реални примери, ги инспирираа присутните да креираат рилс видеа на тема „Добро утро креативци“, секој во различна категорија.

 

добро утро креативци тик ток работилница бојан матејин лазар зафировски скала

 

добро утро креативци тик ток работилница бојан матејин лазар зафировски скала

добро утро креативци тик ток работилница бојан матејин лазар зафировски скала

Доколку си заинтересиран/а за кариерно советување
или пак за некоја од нашите академии

Закажи средба со нашиот тим.

 

 

Менторите од Академијата за ентериер и продукт дизајн [погледни повеќе], Апостол Тноковски и Илија Паунков, ја одржаа работилницата „Светлосна студија“, кадешто учесниците се запознаа со улогата на светлината во обликувањето на просторот. Инспирирани од темата „Време“, тие имаа можност креативно да експериментираат и да создадат свои уникатни светлосни тела. Работилницата ја посетија како учесници со искуство во ентериерно уредување, така и љубопитни ентузијасти кои сакаа да научат повеќе и да ја продлабочат својата креативна перспектива.

 

добро утро креативци работилница светлосна студија апостол тноковски илија паунков скала

 

добро утро креативци работилница светлосна студија апостол тноковски илија паунков скала

 

добро утро креативци работилница светлосна студија апостол тноковски илија паунков скала

Во атмосфера полна со фокус и инспирација, Дејан Џолев, основач на „Скала“ и „Скала Магазин“, одржа работилница за креирање филмски [погледни повеќе]  и фотографски проекти [погледни повеќе]. Со комбинација од практични демонстрации и суштински насоки, учесниците добија целосен увид во тоа како се раѓаат визуелните приказни – од идеја до реализација.

 

дејан џолев работилница добро утро креативци скала филм и фотографија

 

дејан џолев работилница добро утро креативци скала филм и фотографија

 

дејан џолев работилница добро утро креативци скала филм и фотографија

Миријана Јосифоска, модна дизајнерка, алумни на Академијата за моден дизајн [погледни повеќе] при „Скала“ и основачка на првиот македонски бренд за шапки Mirjana Josifoska, одржа работилница на која ги водеше учесниците низ целиот процес на градење сопствен моден бренд. Сподели искуства, стратегии и совети за сите што сонуваат да го претворат својот креативен израз во препознатлив производ.

 

 

мирјана јосифоска работилница за моден бренд добро утро креативци скала

мирјана јосифоска работилница за моден бренд добро утро креативци скала

Одговорот на прашањето „Како до кариера во креативните индустрии?“ го понуди Александар Јакимовски, раководител на секторот за дизајн и софтверско инженерство во „Пиксел“.
Неговата работилница ја посетија сите кои сакаат да зачекорат во светот на креативните индустрии – графички дизајнери [погледни повеќе], UX/UI дизајнери [погледни повеќе], маркетери, како и сите љубопитни за структурата, процесите и динамиката на една маркетинг агенција.

 

александар јакимовски како до кариера во креативните индустрии работилница скала добро утро креативци

 

александар јакимовски како до кариера во креативните индустрии работилница скала добро утро креативци

александар јакимовски како до кариера во креативните индустрии работилница скала добро утро креативци

Оваа година, фокусот беше ставен на темата: „Планот или причината? Времето или процесот?“

По тој повод, агендата беше внимателно осмислена за да понуди богата и инспиративна програма, исполнета со шест практични работилници од различни сегменти на креативните индустрии и маркетинг. Под менторство на докажани професионалци – меѓу кои и тројца успешни алумни на „Скала“ – учесниците имаа можност директно да навлезат во реалните процеси на креирање, стратегија и иновација, додека за музичката програма традиционално се погрижи DJ Марко Вилиќ.

„Црешата на шлагот“, пред саботното зајдисонце, беа Master Class Talks – серија инспиративни разговори предводени од петмина врвни иноватори и лидери во своите области, кои отворија нови перспективи и поттикнаа многу „аха“ моменти, за коишто ќе ви кажеме нешто повеќе подоцна(stay tuned).

 

марко вилиќ dj добро утро креативци скала

 

 

добро утро кретивци тим скала

Овој настан немаше да биде тоа што беше без поддршката од нашите спонзори:
Колид-С, кои ни ги полнеа батериите со вкусните десерти од Sunday, како и новите вкусови на чипсови El Grito што беа вистинско изненадување за сетилата;
Waterdrop, кои се погрижија за хидратација и здрав внес на енергија со нивните освежителни „дропчиња“ и „Изворска вода”. 

И секако – срцето на целиот настан – нашите волонтери: прекрасно синхронизиран тим од студенти на академиите при „Скала“, без коишто настанот немаше да ја има формата, структурата и енергијата што ја имаше.

Од срце им благодариме на:
Сашка Јамалова, Теа Јовановска, Ристо Толичев, Вулнет Џелили, Луна Димитриевска, Ева Парапански, Драгана Гаврилова Димитриевска, Стефани Неделкова Кузманоска и Андреа Каревска.


Фотографии: Ристо Толичев, Вулнет Џелили и Ана В’чкова

 






×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: