Skip to content
најава на добро утро креативци во скала

Добро утро креативци 5.0

Дојде време за големиот Скалаџиски празник „Добро утро креативци“, кој годинава ќе се одржи по петти пат, на тема „Планот или причината? Времето или процесот?“ на 10 мај  во „Паблик рум“. 


Целта на овој настан е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во индустриите на новото време, преку низа едукативни активности, нетворинг и забава.

Оваа година организиравме низа активности кои ќе го стимулираат и дополнат твоето креативно и дигитално познавање. 

 

1. Бесплатни работилници

 

добро утро креативици постер работилници скала

 

Во склоп на саемот ќе се одржат 6 бесплатни работилници од областа на креативните и комуникациските индустрии:

11:00 – 13:00

МАРКЕТИНГ И МЕНАЏМЕНТ: Маја Илиоска Златков
МОДЕН ДИЗАЈН: Мирјана Јосифоска
ФИЛМ И ФОТОГРАФИЈА: Дејан Џолев

13:30 – 15:30

ТИК-ТОК И ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ: Бојан Матејин + Лазар Зафировски
ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН: Апостол Тноковски + Илија Паунков
КАРИЕРА ВО КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ: Александар Јакимовски

 

 

Задолжителна бесплатна пријава за работилници на следниот линк.


2. Master Class Talks

 

добро утро креативци скала мастерклас

Во
16:00 ќе продолжиме со MasterClass Talks! – на тема: Планот или причината? Вемето или процесот?

Во свет во кој сите се обидуваме „да стигнеме“, прашањето е: каде, зошто и по кој пат?
Овој настан е за сите што не се движат само заради дестинацијата, туку заради тоа што ги води одвнатре.

Ќе зборуваат пет експерти од креативните индустрии, креативни директори, иноватори, претприемачи. 

16:00 – 18:00

ИНФЛУЕНС МАРКЕТИНГ: Бобан Петковски / a.k.a. Суперконекторот
ДИЗАЈН: Петар Павлов / Креативен идентитет 404
ПРОДУКТ + ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН: Петар Кајевски / Полека ескалираше – увидувања од развојот на „11 и 11 саат“.
ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ: Владимир Ристевски /
ФИЛМ И ВИДЕО ПРОДУКЦИЈА: Огнен Антов / Тик-Так: Харизма во 5 минути

 

Задолжителна бесплатна пријава за Мастерклас на следниот линк.

 

3. Blind Networking

 

добро утро креативци 05 скала

Во склоп на саемот за размена на креативни искуства и размисли, за прв пат ќе се реализира „Blind Networking“ со цел да ги собере креаторите на едно место!

💡 Имаш идеја, но ти треба тим?
💪 Имаш вештини, но бараш проект што инспирира?
✨ Blind Networking е можност да се поврзеш со луѓето што ти недостасуваат.

✅ Ќе те поврземе со луѓе коишто ти се потребни! Лица што го делат твојот вајб, вредности и цели, преку серија 1-на-1 средби и групна нетворкинг сесија.
❌ Без формалности, само желба за соработка и создавање.

Задолжителна бесплатна пријава за Blind Networking на следниот линк.

 

4. Music

+ Традиционално ќе имаме и музичка програма, за која традиционлано ќе ве известиме малку подоцна! 🙂
Ве чекаме на дружба – Добро утро креативци  5.♡

добро утро креативци скала саем

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: