Како и секоја година дојде време за големиот Скалаџиски празник „Добро утро креативци“ во организација на „Скала и Скала магазин“, кој годинава ќе се одржи по четврти пат, на тема „Искуството како најбрутален учител“ на 8 јуни во 12 часот во „Паблик рум“.
Целта на овој настан е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во индустриите на новото време, преку низа едукативни активности, нетворинг и забава.
Оваа година организиравме низа активности кои ќе го стимулираат и дополнат вашето креативно и дигитално познавање.
Во склоп на саемот ќе се одржат 8 бесплатни работилници од областа на креативните индустрии, технологија и кариера водени од ментори, професионалци во областа и тоа:
14:30 – 16:30
МАРКЕТИНГ: AI tools во маркетинг / Владимир Ристевски
КАРИЕРА: Оптимизирај го твојот Linkedin профил / Елена Костовска
ВЕБ ДИЗАЈН: UX/UI for dummies / Андреј Стамевски
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Илустрација и визуелна метафора / Андреј Павлов
12:00 – 14:00
КАРИЕРА: Од идеја до старт-ап (Lean Canvas Model) / Крсто Златков
ТЕХНОЛОГИЈА: 3D Печатење / Јелена Џокиќ
ФОТОГРАФИЈА: Автопортрет, самослик, селфи / Драги Неделчевски
МОДА: Редизајн и поправка на облека / Катерина Тошева + Андријана Павловски
☆ Задолжителна бесплатна пријава на следниот линк!! ☆
Агендата не завршува тука, во 17:00 продолжува со панел дискусија на тема „Пораснав и што сега“?
Ќе зборуваме за најголемиот проблем на секој млад човек во нашата заедница – што по завршување на нашето образование, факултет или академија?
Говорници на панелот ќе бидат наши алумни студенти од различни гранки во индустријата со различни кариерни патишта меѓу кои: Андреј Павлов – графички дизајнер во Division, Бојан Матејин – video content creator во Publicis, Бинаса Дрндар – HR Business Partner во INSCALE- IT компанија и Мирјана Јосифовска – моден дизајнер, Mirjana Josifovska.
Модератор на панелот ќе биде Дејан Џолев -основач и CEO на „Скала“, Школа за дизајн и технологија; Ко-основач и Главен уредник на „Скала магазин“, платформа за дизајн и визуелни уметности; Визуелен артист, Филмски режисер и Едукатор.
☆ Задолжителна бесплатна пријава на следниот линк!! ☆
Во склоп на саемот од 13:00 – 17:00 ќе биде поставен и Базар за дизајн и уметност организиран од страна на студентите од сите Академии за дизајн во Скала.
Учесници на базарот се: Анастасија Стевковска, Дона Димов, Крсто Глигорјадис, Катерина Симјаноска, Mилена Петковска, Моника Стојковска, Огнен Анчевски, Стефани Стојановска, Стефан Божиновски, Стефан Ничевски, Трајче Стојанов, Наташа Латиновска, Нела Стојановa.
+
Музичка програма [изненадување]
Идејното решение за овогодинешниот дизајн на постер е на Лука Кузмановски, тековен студент на Академијата за Визуелни уметности.
Ве чекаме на дружба и убаво расположение 4.♡