Skip to content

ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ 3.0

И оваа година, нашата платформа Скала Магазин го организира големиот Скалаџиски празник „Добро утро креативци“ кој ќе се одржи во петок на 26 мај во Public Room.

 

Скала Магазин по третпат го организира Саемот за размена на креативни искуства и размисли „Добро утро креативци“, со цел да ги претстави актуелните случувања во креативните индустрии, уметноста, дизајнот, културата и образованието. Оваа година програмата ќе вклучува панел дискусии, галериска изложба и музички перформанси.


Фокусот и темата на настанот е „Мојот идентитет, утрото по 2023 година“

 

 

 

 

Агендата е полна и со многу интересни гости и говорници. Почетокот ќе биде во знакот на дискусијата кон темата, односно ОТВОРЕНА РАСПРАВА, „Утрото по 2023 година“, или како AI технологиите ќе влијаат на креативните индустрии, со почеток од 18:30 часот до 20:00 часот. Во расправата ќе учествуваат: Небојша Гелевски – Бане, Владимир Јанчевски, Матеј Богдановски, Кристина Крагујевска и Дејан Џолев.

 

★ 7-ма СКАЛА ИЗЛОЖБА ЗА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ // 20:00 – 21:30

 

На конкурсот пристигнаа 72 дела [медиуми: сликарство, графика, илустрација, плакат, фотографија, цртеж, колаж, скулптура, комбинирани техники, видео] од 58 автори.

Жирито кое ги оценуваше стигнатите дела е во состав: Дејан Џолев [главен уредник на Скала магазин]; Андријана Антова [уредник на дизајн]; и Ана В’чкова [уредник на фотографија];

Тие се одлучија за следниве учесници: Алтин Адеми; Александра Белеска; Александра Стојковска; Александар Стевананџија; Ана Марија Бараковска; Ана Стојанова; Анастасија Димкова; Андреј Јаневски; Андреј Крстевски; Емилија Пејоска; Иван Коминовски; Ивона Јанчевска; Јана Матевска; Јелена Рангелова; Јована Вуковиќ; Јована Цинцароска; Корина Атанасова; Лиса Велкова; Марија Стоименов; Мартин Димитров; Мила Јовановска; Михаела Колевска; Немања Пејиќ; Росица Алексовска; Сандра Котевска; Сара Андоновска; Станка Џекова; Тамара Блажевска; Флета Селмани;+ Андријана Антова; Aна В’чкова; Дејан Џолев.

 

♡ На изложбата ќе бидат прогласени најдобри три дела, кои ќе бидат наградени од Школата за дизајн SKALA School – Џолев и уметностите со вреднoсен фонд од 180.000 ден.

 

★ МУЗИЧКА ПРОГРАМА // 21:30

За музичкиот дел ќе биде задолжена младата пејачка Миа Перевска, која ќе настапи со акустичен амбиентален сет со AI генерирана визуелизациja.

 

Ве очекуваме!

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: