Во рамки на првиот семестар на Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација во Скала, студентките Јована, Антонела и Александра работеа на авторски продукт задачи во рамки на предметот 2D скицирање и SketchUp, под менторство на индустрискиот дизајнер Апостол Тноковски.
Овој предмет претставуваат важна основа за развој на просторно размислување кај идните ентериер дизајнери: од првата идеја и рачна скица, преку развој на концепт и конструктивна логика, до дигитална 3D форма и визуелизација на функционален објект.
Што значи 2D скицирање и SketchUp во процесот на ентериер дизајн?
Во рамки на наставата студентите ги совладуваат техничките основи и работната логика на SketchUp, учат како 2D скицирањето функционира како алатка за развој на просторна и продукт идеја и како преку скица се гради креативен концепт што подоцна се трансформира во дигитална форма и основна визуелизација.
Овој процес претставува важен чекор кон разбирање на односот помеѓу објектот и ентериерот како целина.
Студентски проекти: столица како скулптурална и функционална форма
Во рамки на задачата студентите работеа на дизајн на столица како продукт објект, форма што истовремено бара конструктивна логика, ергономија и естетичност, но и способност да се замисли нејзината улога во реален простор.
Процесот опфати развој на рачни скици, концептуално истражување на форма, конструктивно размислување и 3D моделирање како дел од поширокиот ентериер дизајнерски процес.
Јована Николовска
SECOND SPINE: авторски продукт објект инспириран од анатомска структура

Се одлучив за оваа тема затоа што ми е блиска и инспиративна. Сакав да истражам како органските форми можат да се применат во функционален дизајн и да создадам нешто што е и визуелно впечатливо и удобно
При процесот на креирање, се соочив со…
Најголемиот предизвик беше да се балансира скулптуралната форма со функционалноста и удобноста. Формата инспирирана од анатомската структура бараше внимателен пристап за да остане стабилна и истовремено да ја задржи својата естетска изразност.
За соработката со менторот Апостол Тноковски…
Менторот ми помогна да развијам поголема самодоверба во мојата работа и да бидам поодлучна во сопствениот израз.
Како влијаеше проектот врз твојот развој?
Проектот ми помогна да бидам посигурна во сопствениот креативен процес и повеќе да верувам во моите идеи.

Антонела Богданоска
MONO FORM: минималистички продукт објект изведен од еден материјал

Се одлучив за оваа идеја затоа што сакав едноставен и чист дизајн изработен од еден материјал.
При процесот на креирање, се соочив со…
Се соочив со потешкотии при одлуката за формата на столчето, особено од ергономски и естетски аспект.
За соработката со менторот Апостол Тноковски…
Менторот беше позитивен и мотивирачки настроен во текот на сите часови и неговата поддршка беше клучна за финалниот продукт.
Како влијаеше проектот врз твојот развој?
Овој проект ми помогна со поголема свесност и љубопитност да ги набљудувам предметите од секојдневното опкружување и за прв пат се сретнав со продукт дизајн како процес.

Александра Кузманоска
TRIAXIS: геометриски продукт објект инспириран од структурата на „The Dark Side of the Moon“
Идејата произлезе од визуелниот идентитет на албумот „The Dark Side of the Moon“ од Pink Floyd, каде триаголникот симболизира баланс, структура и трансформација. Таа геометрија ја пренесов во основата преку две вкрстени пирамиди што создаваат стабилност и динамика.
При процесот на креирање, се соочив со…
Најголем предизвик беше балансирањето на естетиката и функционалноста при трансформирање на геометриската идеја во стабилна и удобна форма.
За соработката со менторот Апостол Тноковски…
Соработката беше силен „ветар во грб“, особено преку насоките што ми помогнаа подобро да ги разберам процесите и деталите.
Како влијаеше проектот врз твојот развој?
Проектот ми помогна да бидам поотворена во процесот и посигурна во сопствениот креативен израз и донесувањето дизајнерски одлуки.
Какви можности отвора ентериер дизајнот како професија?
Студентите на Скала најчесто се развиваат како ентериер дизајнери, дизајнери на станбени и комерцијални простори, 3D визуелизатори (archviz), продукт дизајнери или freelance 3D артисти.
Првите чекори кон овие професионални насоки започнуваат токму преку задачи како оваа, каде што се развива односот помеѓу објектот, просторот и корисникот.
Сакаш да започнеш кариера како ентериер дизајнер?
Работи на просторни концепти, продукт објекти и 3D визуелизации уште од првиот семестар и изгради професионално портфолио со реални проекти.
Академија за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација
Погледни ја програмата: Академија за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација
Често поставувани прашања:
Дали е потребно претходно искуство во цртање?
Не. Наставата започнува од основите и постепено ги развива вештините за скицирање и просторна визуелизација.
Дали студентите уште во првиот семестар работат реални продукт задачи?
Да. Во рамки на предметите 2D скицирање и SketchUp студентите развиваат авторски продукт концепти како дел од наставниот процес.
Дали овие проекти може да бидат дел од портфолио?
Да. Тие претставуваат основа за развој на професионално портфолио за ентериер дизајн и 3D визуелизација.
Дали вештачката интелигенција ќе ја замени професијата ентериер дизајнер?
Не. Вештачката интелигенција значително го забрзува процесот на 3D визуелизација, генерирање идеи и тестирање различни просторни решенија, но суштината на ентериер дизајнот останува поврзана со реалниот простор и начинот на живеење во него. Организацијата на функцијата, односот помеѓу светло, материјали и движење низ просторот, како и техничката реализација на проектот преку изведба и инсталација на решенијата во реална средина, бараат дизајнерско искуство и одлуки што не можат автоматски да се заменат. Вештачката интелигенција е алатка што му помага на дизајнерот да работи побрзо и поефикасно, но не и замена за него.
Закажи средба со нашиот тим и дознај како функционира програмата на Академија за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација во Скала.
☆ Сакаш да започнеш кариера
како ентериер дизајнер?








