Skip to content
дизајн и коктели отворени денови скала џолев и уметностите

Настан кој отвора врати кон нови кариерни можности за сите дизајнери!

„Дизајн и Коктели“, кој претставува неформален отворен ден во просториите на „Скала“, се одржа меѓу многу млади ентузијасти, подготвени за нови образовни и професионални предизвици, заедно со дел од менторите на „Скала“.

 

Отворениот ден во „Скала“ им овозможи на младите отворен разговор и запознавање со програмите и менторите – долгогодишни професионалци кои ги споделија „тајните“ и практиките за нивниот успех, додека се разладувавме со вкусни летни коктели!

 

Се разговараше за индустриските трендови, вештачката интелигенција, новите можности на пазарот и најдобрите практики за создавање успешни кариери. Присутните имаа шанса да дискутираат лице в лице со експерти, да поставуваат прашања што ги интересираат и да го почувствуваат вистинскиот дух на „Скала“.

 

Погледни ја инспиративната атмосфера ♡

дизајн и коктели отворени денови скала џолев и уметностите

 

скала дизајн графички ентериер внатрешно уредување школа академија

 

 

Присутни ментори кои споделија свои ставови и искуства на настанот беа: популарниот графички дизајнер Зоран Кардула, основачот на „Скала“ Дејан Џолев, филмскиот продуцент и монтажер Гоце Кралевски, модната дизајнерка Ирина Тошева, UX/UI дизајнерот Стефан Стојковски, специјалистот за конструкција на облека „Bella“ Никола Булевски – Буле и продукт-дизајнерот Апостол Тноковски.

 

Особено нè радува што присутните гости и менторите поттикнаа дискусии на важни теми, како што се значењето на софтверските алатки во контекст на дизајнерските методологии, влијанието на вештачката интелигенција врз современите професии и значењето на дипломата.

 

Ви споделуваме неколку изјави од менторите со цел да ги пренесеме главните поенти од разговорот!

 

 

 ★ Софтверските алатки се менуваат – клучно е познавањето на дизајнерските принципи и методологии.

 

Дејан Џолев истакна дека графичкиот дизајн не може да се практикува без солидна основа во дизајнерските принципи и методологии. Според него, софтверите како Photoshop, Illustrator и InDesign се само алатки што се менуваат, но вистинската вредност на дизајнерот се одразува во неговото знаење и основа.

 

Она што го дефинира добриот дизајнер е разбирањето на дизајнерските принципи и способноста за нивна примена во различни проекти, без разлика на софтверската алатка. Затоа, Академиите во „Скала“ ставаат акцент на изучување на клучните графички и ликовни елементи, принципи и методологии, што претставува јазикот на главните медиуми кои го обликуваат графичкиот дизајн, а тоа се типографија, илустрација и фотографија. Алатките, пак, се само начин и простор каде што се артикулира идејата. – вели Дејан Џолев.

 

дизајн и коктели отворени денови скала џолев и уметностите

 

 

Во тек се уписи за новата учебна година 2024/25.

Погледни ги Академиите на „Скала“! ♡

 

 

 

 

 

 ★ Вештачката интелигенција е неизбежна во работата, но нема да ги замени нашите работни позиции.

 

Во врска со вештачката интелигенција, менторите ги споделија своите ставови засновани на долгогодишното искуство, нагласувајќи дека без знаење, AI е само алатка без јасен правец.

 

Задачата на „Скала“ е да ви ја пренесеме основата и да ви овозможиме темелно знаење. За да ја искористите вештачката интелигенција на најефикасен начин, потребно е да ја насочите кон вистинските креативни решенија. Ова е возможно само ако имате цврста основа во дизајнерските принципи и методологии. Без овие знаења, AI ќе остане само алатка без јасен правец – изјави Стефан Стојковски, ментор на Академијата за UX/UI+ дизајн.

 

Дејан Џолев објасни дека интеграцијата на вештачката интелигенција е неизбежна, но нема да нè замени нас и нашите работни места.

 

Без разлика дали сакаме или не, софтверите воведуваат нови работни принципи преку вештачката интелигенција, која ги поедноставува техничките процеси, оптимизирајќи ни време за посуштнско, интелектуално и креативно работење.“ додаде Џолев.

 

 

 

 

★ Дипломата има своја вредност, но она што навистина има значење е портфолиото и практичната работа.

 

Менторите споделија интересни примери од своето лично искуство, нагласувајќи дека вредноста на портфолиото и практичната работа е многу поголема од значењето на дипломата.

Во текот на мојата 30-годишна кариера, никој никогаш не ми побарал диплома. Она што навистина има значење е вашето портфолио. На моите предавања, акцентот ќе биде ставен на изградба на портфолио што ќе ги демонстрира вашите способности, знаење и креативност. Клиентите се заинтересирани за резултатите што можете да ги постигнете, а не за дипломата што ја поседувате. Затоа, важно е да бидете редовни на предавањата и навремено да ги извршувате работните задачи, бидејќи токму тоа ќе ви помогне да изградите портфолио што ќе го привлече вниманието на клиентите – вели менторот Зоран Кардула, илустратор и графички дизајнер, кој работи во една од најпознатите маркетинг-агенции, „Публицис“.

 

Не е целта да се има диплома, туку да се изгради „педигре“ – репутација што се стекнува со квалитетна работа и одлично портфолио. Вашето портфолио е она што навистина ги открива вашите способности и ја потврдува вашата професионална вредност – додава Никола Булески – Буле, ментор на Академијата за моден дизајн.

 

 

Стефан Стојковски го „заокружи“ разговорот дека дипломата е „круна“ на знаењето коешто студентите ќе го стекнат во „Скала“.

 

Вашите постигнувања и сето тоа што ќе го научите во „Скала“ го даваат значењето и тежината на дипломата. Портфолиото и искуството што ги стекнувате се клучни за вашата професионална вредност, а дипломата е само потврда на вашиот труд и посветеност – им порача Стефан на присутните.

 

Неформалната коктел-дружба, што следуваше по разговорот, отвори простор за уште подлабоки разговори, нови идеи и можности за директно поврзување со менторите!

 

 

 

 

Тимот на „Скала“ е секогаш подготвен за разговор, совет и консултација.

Закажи СРЕДБА и стани дел од
креативната заедница на „Скала“! ♡

 

 

„Дизајн и Коктели“ не е само обичен „отворен ден“. Тоа е место каде што се спојуваат креативноста, иновацијата и страста за да се создаде нешто исклучително. „Дизајн и Коктели“ е настан кој инспирира и отвора врати кон нови кариерни приказни, покажувајќи дека сè е можно кога се соединуваат талентот и вистинските можности.

 

 

Уписите се во тек! Закажи СРЕДБА! ♡

 

 

Сега е вистинското време да донесеш одлука за следната „скала“ од твојот професионален развој! Закажи средба со наставниот кадар и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на Академијата.

 

 

 

Ви благодариме за прекрасната енергија и се гледаме на следна инспиративна коктел-дружба!
×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: