Цела генерација студенти од Скала-Школата за дизајн од Академијата за UX/UI+дизајн успешно ја почнаа својата работна позиција во дигиталната маркетинг агенција Division. Но, неколку од нив ни раскажаа за нивните искуства додека беа на Академијата и сега откако се вработени.
Издвојуваме тројца од нив кои се во работна атмосфера и ни раскажаа какво им е искуството периодов додека се на работа.
Ги прашавме Марија Степановска, Теоман Максут и Виолета Ристеска, наши алумни студенти на Академијата за UX/UI, сите вработени во маркетинг агенцијата Division како си поминуваат на работа, но и што научија од Академијата.
Уште неколку од генерацијата 2022/23 се во нивниот тим, а тоа се: Стојче Ристова, Ангела Трајановска и Бисера Гиновска. Но тука се и Лука Стојановски, наш алумни студент од Академијата за графички дизајн, кој работи како графички дизајнер, Елена Трајкова, алумни студентка од Академијата за визуелни уметности, која работи видео анимација и постпродукција, Андреј Павлов, наш алумни студент од Академијата за визуелни уметности, кој работи како графички дизајнер, Ивана Пекевска, алумни студентка на Академијата за визуелни уметности, која работи како UX/UI дизајнер, Гаја Смилевска, исто така од Академијата за визуелни уметности која работи графички и моушн дизајн….
Division е маркетинг агенција со преку 20 години творечко постоење, почнувајќи од 2001 година. Освен што ја водат кампањата за првата македонска стриминг платформа Gley, тие имаат преку 40 клиенти со кои соработуваат. Тие се едни од ретките кои испорачуваат иновативна и квалитетна бренд-стратегија и постојано вклучуваат млади креативци во своите редови. Во тимот на агенцијата се неколку наши генерации! 🙂
Марија Степановска
Mарија ни сподели дека преку работата во Division, учи и за комуникацијата со клиентите, клучна кога станува збор за исполнување на одредени очекувања.
Со оглед на тоа дека ми е прво вработување, мислев дека ќе имам потешкотии со приспособувањето на новото работно место, но во Division можам да кажам дека соработниците се многу пријателски настроени и ми олеснија низ комуникацијата да се вклопам веднаш во тимот.
Освен што ми помогнаа да се чувствувам посамоуверено и удобно во мојата нова работна средина, сите секогаш се подготвени да помогнат со било каква задача којашто ја имаш во моментот.Предизвикот со кој се соочувам како UX/UI дизајнер се – очекувањата и комуникацијата со клиентите. Понекогаш тие очекувања не се реални, па важно е да имаме јасна и отворена комуникација со клиентите во текот на целиот процес.
Но, истовремено дека Академијата ѝ обезбедила многу пошироко знаење во програмските вештини…
Учењето во „Скала“ е неверојатно корисно во мојата работа како UX/UI + дизајнер. Академијата ми обезбеди одлична основа во принципите на user interface и дизајнот на корисничкото искуство. Но, и некои основни програмски вештини во HTML, CSS и ЈavaScript. Oва знаење ми помогна многу во создавањето на естетски и ефективно добри дизајни за нашите клиенти.
Една од највредните лекции што ги научив во Скала беше важноста да се разберат потребите на корисниците и да се дизајнира според нив. Ова влијаеше на мојот процес на дизајнирање, бидејќи давам приоритет на истражувањето и тестирањето на корисниците, со цел да создадам дизајни кои се насочени кон нивните потреби. Менторите ми ја нагласија важноста на интерактивниот дизајн и прототипирањето, што ми помогна многу во тестирањето и усовршувањето на дизајните. Со тоа – да дојдам до најдобрите решенија!
Теоман Максут
Теоман ни сподели како му е на работа, но и што „понел“ со себе од Академијата. Вели:
Како и со секоја работа, така и со нашава, си доаѓаат радосни, но и мигови коишто бараат целосна концентрација. Денот го започнуваме со дневниот состанок на којшто разговараме за сработеното, предизвиците со коишто сме се соочиле и планот за понатаму. Споделуваме заеднички решенија, секогаш „паѓа” по некоја шега и „се фаќаме за работа”.
За мене, најголем предизвик досега беше прецизно проценување колку време би ми било потребно за одредена задача.
Од друга страна пак, академскиот период е секогаш подготовка за „реалниот” свет. Со секоја вештина, па така и со оваа, вистинското учење и „калење на челикот” доаѓа со работа на реални проекти и клиенти. Во тоа, многу ни помогна работата со реалниот клиент на Академијата, како и тоа што научив брзо да одлучувам и да бидам подготвен да го пратам делото на преглед во доволно добра, несовршена форма.
Виолета Ристеска
Виолета ни сподели и интересна анегдота во однос на искуството во Академијата и концептите на веб-дизајнот кои не треба да се само „убави“ на изглед, туку и функционални.
Низ процесот на студирање ми беше многу забавно и запознав прекрасни и креативни луѓе од кои ден-денес учам и сум горда што ги познавам. Благодарна сум на Академијата што се стекнав со вработување веднаш по завршувањето на студиите. Презадоволна сум од можностите коишто ги добив како за тотален почетник и за толку краток период што успеав да сменам кариера.
Секогаш кога имам „луди“ дизајнерски идеи, ми текнува на зборовите на менторот Игор:
„Немојте многу да се занесвите со дизајнирање, то требит некој да го кодират!“ 🙂 Така што, благодарение на часовите по HTML/CSS & JavaScript, освен што ги научивме основите концепти на веб-дизајнот, научивме и да поставуваме реални граници на нашите „луди идеи“.
Во однос на работата во Division ни сподели…
Ми се допаѓа атмосферата на работното место, колегите, можноста за учење и надградба, како и работењето во тим. Има добра комуникација и конструктивен фидбек меѓу тимот и колегите се секогаш подготвени да ми помогнат со процесот на работните задачи. Морам да признаам дека „pet friendly“ деновите ми се омилени, тогаш во канцеларија ни е презабавно, весело и опуштено.
Предизвик ми е секојдневно развивање на мојот креативен потенцијал.
И ние се радуваме со вас, девојки и момци!
Продолжете да бидете кул и учете, создавајте, менувајте се и секогаш уживајте во професионалната надградба!
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија
✰ ✰ ✰