Пролетта е време на нови почетоци, можности и одлуки што можат да ја обликуваат иднината. За многумина, тоа е моментот кога го прават првиот вистински чекор кон својата кариера и личен развој.
Оваа година, „Скала“ ја искористи оваа енергија за да ги инспирира етузијастите за кариера преку два значајни настани – најголемиот саем за образование и мотивацискиот вебинар „Скала подарува“.
Образовниот саем:
На 15 март, „Скала“ беше дел од најголемиот саем за образование, организиран од платформата „Студентарија“. Овој настан беше можност да се претстават сите новитети, можности и уникатниот пристап на „Скала“ кон образованието.
Интерактивен штанд и уникатно искуство
Штандот на „Скала“ беше вистинска атракција! Редици млади ентузијасти чекаа да ја истражат интерактивната инсталација, каде што три симболични рипки ги исполнуваа нивните желби за личен развој – некои физички рипки во аквариуми, а некои дигитално-анимирани со помош на АИ технологии.
Како што рипките ги исполнуваа желбите на посетителите, така Скала и сега ти нуди можност да ја оствариш својата – аплицирај за ваучер од 800 евра!
Но, ова беше само дел… Посетителите имаа можност да направат професионална LinkedIn фотографија во монтажното фото-студио, реализирано во целост од нашите студенти од академијата за фотографија.
Министерска поддршка за младите таленти
Министерката за образование и наука на РС Македонија, Весна Јаневска, го посети штандот на „Скала“ и во знак на поддршка на младите таленти, додели ваучер за студирање на едно младо лице, поттикнувајќи го на патот кон личен и професионален развој.
Кариера, инспирација и насоки од студентите
Покрај визуелните и интерактивни искуства, тимот на „Скала“ заедно со студенти од академиите за дигитален маркетинг и графички дизајн, споделија персонализирани препораки за студии, насоки за кариера и инспиративни искуства. Ова беше ден полн со насмевки, инспирација и нови можности – токму како што им прилега на идните успешни студенти!
„Скала подарува“: повеќе од вебинар, мотивациски повик за акција
Неколку дена претходно, на 8 март, „Скала“ организираше инспиративен вебинар „Скала подарува“ со Дејан Џолев, основачот на „Скала“ кој ги воведе присутните во светот на можностите што ги нуди школата.
Но, овој вебинар не беше само информативен – беше мотивациски повик за акција, за оние што се подготвени да го направат следниот чекор во својата кариера и личен развој.
Одлуката е лесна, но што после неа?
Џолев ја започна својата приказна со личен момент од студентските денови – дилема дали да продолжи со студирање, додека се соочува со финансиски предизвик. Но, ова не беше приказна за пари. Беше приказна за нешто подлабоко – за препознавање на вистинската можност и преземање акција кога таа се појави.
Најтешкото не е да се донесе одлука. Најтешкото е да го направиш првиот вистински чекор по одлуката. – истакна Џолев.
Заедница или само школа?
Присутните на вебинарот разбраа една суштинска разлика – „Скала“ не е само образовна институција. Тоа е заедница, каде што се создаваат кариери, партнерства и пријателства, каде што учењето не завршува со диплома, туку продолжува низ искуство и практична работа.
Во светот денес, успехот не зависи од парче хартија. Зависи од способноста да учиме, да се прилагодуваме и да најдеме средина во која можеме да растеме. – додаде Џолев.
Со 11 академии во дизајн, технологија и комуникации, повеќе од 80 ментори и над 300 студенти годишно, „Скала“ не е само бројка. Тоа е заедница што ја гради вредноста на искуството.
Тука не се работи за „колку“, туку за како. – го заокружи овој прв дел Џолев.
Конкретни чекори за градење кариера
Овој вебинар не беше само инспиративен говор. Учесниците добија можност за бесплатно персонализирано кариерно советување со Крсто Златков, советник за кариерен развој.
Без разлика дали станува збор за преквалификација, нова професионална насока или личен развој, вистинските одговори доаѓаат со иницијатива и подготвеност за акција.
Закажи термин за бесплатно персонализирано кариерно советување!
Дали ќе ја искористиш твојата шанса?
Со енергичен крај, Џолев ја затвори сесијата со едноставна, но моќна порака:
„Успехот не доаѓа со чекање, туку со акција.“
☆
Погледи ги сите 11 Академии!
Закажи средба со нашиот тим.
☆