Нашите студенти се активно вклучени во работни активности. Голем број од овогодинешните студенти сè уште посетуваат пракса кај наши долгогодишни соработници, а дел од студентите праксата ја искусуваат во склоп на тимот на „Скала“.
Преку 70 студенти од Скала-Школата за дизајн, започнаа со пракса во креативните индустии. Вистинска можност да го искористат своето знање од Академија и да се впуштат во нови професионални предизвици, успешно градејќи ја својата кариера. За голем број од нашите студенти првата пракаса значи и вработување како и контиуниран раст и развој во компании кои се наши долгогодишни соработници.
За искуството во Vendor, соработката со колегите и добрите практики научени од Академијата поразговаравме со Ирина Чабуковска, Ивана Коцева и Марија Бежаноска, алумни-студенти на Aкадемијата за UX/UI+ и Теона Димова, алумни-студент на Aкадемијата за графички дизајн.