На 14 октомври беа доделени +80 дипломи и уверенија за постигнатиот труд и успех на студенти од 6 академии, а беше отворена и завршната изложба „Decennium“
Сакаме да ги промовираме овие парчиња преку нашата дигитална платформа за Дизајн и современа уметност Скала Магазин, каде можете да купите парче облека по симболична цена и да направите разлика во нечиј (студентски) живот 🙂
Една од поважните работи која Скала Школата за дизајн, уметност и технологија ја застапува, тоа е поврзувањето на компаниите со студентите. Токму и тоа ни беше намерата и ова лето, конкретно на 7ми и 8ми јули, кога се случи дводневниот настан „Студентите зборуваат“.
Дел од нашите алумни и тековни студентки од Академијата за МОДЕН ДИЗАЈН беа дел од 25-тото издание на Моден Викенд Скопје, еднодневен настан во Градски парк посветен на новите генерации и креативни надежи на модната сцена.
Традиционално, секое лето во „Скала“ Школата за дизајн, уметност и технологии се дружиме и правиме настани на кои ги поврзуваме студентите со менторите. Така и овој пат, во два дена беа направени многу коктели, се запознавме едни со други и уживавме во разговорите.
Неодамна на 6ти јуни се случи настанот кој ја одбележа соработката помеѓу брендот Salt Milano и Академијата за моден дизајн при Скала – Школата за дизајн и уметност, (основана од „Џолев и уметностите“).
„EGO DISCO“ [латински: ЈАС УЧАМ] претставува финална изложба на студентите од Академиите за графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт дизајн при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите” во соработка со Институт за дизајн и технологија Скопје, генерација 2020/21.
Денес [3 мај] прославуваме 9 години од првиот одржан час во Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“. Во таа чест споделуваме 9 незаборавни спомени. Уху! : )
Во петокот, на 16-ти октомври, се случи најголемата студентска изложба насловена како „Parádeigma“, каде 78 автори од Академиите за дизајн при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите” изложија повеќе од 400 дизајн решенија и концепти.