Септември е месец на нови почетоци! Многу често тоа што започнуваме да го правиме овој месец е тоа што нѐ оформува за целата година, па и за животот понатаму.”
2022 ја започнуваме празнично со наградната игра - „ГРЕПКА НА ЗНАЕЊЕ“ со која и официјално го најавуваме почетокот на новата XXI сезона по ред на 13 обуки и курсеви од областа на дизајнот, уметностите и новите трендови во дигитализацијата.
Прочитајте за успесите на нашите студенти на интернационални и домашни фестивали, вработувањата во креативните индустрии по завршување на Академиите за дизајн. Прочитајте и за активностите на нашите ментори, но и информации од неформален карактер.
„EGO DISCO“ [латински: ЈАС УЧАМ] претставува финална изложба на студентите од Академиите за графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт дизајн при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите” во соработка со Институт за дизајн и технологија Скопје, генерација 2020/21.