ПОВИК ЗА СТИПЕНДИИ И ЗАГАРАНТИРАНО ВРАБОТУВАЊЕ: Академија за UX/UI plus
Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје и Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ започнуваат програма за стипендирање, каде што за првпат во процесот на стипендирање се вклучуваат и компаниите. Оваа пилот-програма започнува со Академијата за UX/UI plus, којашто е проширена и го опфаќа целокупниот развој и дизајн на софтверски решенија базирани на веб, покривајќи ги едни од најбараните работни позиции на денешницата: UX/UI дизајнер, WordPress и Front – End девелопер.