Skip to content

АЛУМНИ ОД „ЏОЛЕВ И УМЕТНОСТИТЕ“, АСИСТЕНТИ НА АКАДЕМИИТЕ ЗА ДИЗАЈН

 

ВО ШКОЛАТА ЗА ДИЗАЈН И УМЕТНОСТ „ЏОЛЕВ И УМЕТНОСТИТЕ“ НА 16 ОКТОМВРИ ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНУВААТ АКАДЕМИИТЕ ЗА ДИЗАЈН, ГЕНЕРАЦИЈА 2020/21, КАДЕ ПОКРАЈ МЕНТОРСКИОТ ТИМ НА ЕКСПЕРТИ ВО ПОЛИЊАТА ВО КОИ ЌЕ ПРЕДАВААТ, ОВАА ГОДИНА НА ТИМОТ СЕ ПРИКЛУЧУВААТ И АСИСТЕНТИ КОИ СЕ АЛУМНИ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ.


___________________
РАЗГОВАРАМЕ СО: Иван Мегленов, асистент на предметот „Дигитална илустрација“ под менторство на Зоран Кардула; Антонио Станков, асистент на предметите „Фотографија“ и „Постпродукција на фотографија“ под менторство на Дејан Џолев; Симона Тасевска, ментор на предметот „Дигитални медиуми“ и асистент на предметот „Графички дизајн“ под ментор Влатко Ристов.

 

Кажете ни збор-два за себе. Кои сте, со што се занимавате? Што ја поттикнува вашата секојдневна инспирација?

 

Антонио: Конкретен одговор на прашањето кој е Антонио, најверојатно, јас самиот не можам да дадам, но за себе би кажал дека имам 19 години и веќе подолго време се занимавам со фотографија. Огромно внимание посветувам на модната фотографија, тоа е дефинитвно правецот кој ме интересира, на кој сакам да работам, да се надградувам, да стекнувам искуство и продолжам да учам и учам. 
Секојдневната инспирација ми доаѓа од самото секојдневие кое го живеам, од луѓето кои ме опкружуваат, луѓето кои ги следам и секако нивниот успех. Успешните приказни секогаш се поттик за мене.

Симона: Секогаш сакав да се занимавам со дизајн. Позадината ми е индустриски дизајн, но во текот на студирањето сфатив дека сакам да се пренасочам конкретно на графички дизајн, па така се одлучив за Академијата за визуелни уметности на Џолев и уметностите, каде ги доусовршив моите знаења. 

Иван: Јас сум графички дизајнер, но се занимавам и со илустрација. Моментално го изучувам Cinema 4D, за да можам да применам и 3D во своите дизајни. За инспирација најчесто ги користам Инстаграм, Behance и Pinterest. На тие платформи има безброј креативци од секакви индустрии, со различни стилови, проекти и искуства. Пробувам да ги анализирам дизајните што сами привлекуваат внимание и „фаќаат око“, за да дознаам што е тоа, што ги прави да се добри за да можам во иднина и јас да го применам истото.

 

Каде и што работиш/правиш во моментов? 

 

Симона: По завршувањето на академијата започнав да работам како графички дизајнер во тогашниот медиум Reborn – сега маркетинг агенција Relish.

Антонио: Во моментов студирам, но паралелно со тоа сум ангажиран во „Скала магазин“, како главен уредник на фотографија и работам како моден фотограф. Морам да напоменам и дека овие денови заедно со колегите од Визуелни уметности се подготвуваме за завршната изложба која ќе се оддржи на 16-ти, овој месец.

Иван: Вработен сум во Сеавус Едукативен и Развоен Центар како графички дизајнер, но исто така дизајнирам каталози и постери за МКЦ во рамките на нивните изложби.

 

Вие сте алумни на академијата за…? Кој е предизвикот но и мотивацијата во тоа да од “школски клупи од академија” се прејде на другата страна, како ментор/асистент? Како прави тоа да се чувствувате?

 

Иван: Алумни сум на Академијата за Визуелни Уметности 2017/2018. Предизвик ми е тоа што ова е сосема ново искуство за мене, добре дојдено искуство, но сепак ново, додека мотивацијата ја пронаоѓам во тоа што ќе бидам опкружен со амбициозни креативци кои сакаат да се надоградат себеси со нови знаења, од такви луѓе никогаш не ми е доста.
Од  академијата имам многу позитивно искуство, одлични часови и проекти, мило ми е што повторно ќе бидам дел од неа и се надевам дека ќе можам да помогнам и друг/а студент/ка да го има искуството што го имав и јас.

Симона: Едно нешто што ми недостасува во мојата секојдневна работа е интеракција со луѓе особено face to face (лице в лице)  комуникација. Многу е типично за дизајнери да поминуваат предолг период пред компјутер, па ова ми беше супер можност да ја имам улогата на ментор каде директно имам интеракција со студенти и да ја доживеам енергијата која ја има во училниците. Покрај тоа што јас го пренесувам моето знаење исто така и од нив учам и слушам нови идеи.

Антонио: Во моментов завршувам на Академијата за визуелни уметности. Асистент ќе бидам на фотографија и постпродукција на фотографија. За мене, голем предизвик е самиот процес на пренесување на досегашното знаење. Знаењето стекнато од самата академија, на која веќе бев дел и знаењето од искуство. Покрај тоа што оваа обврска, навистина ме импонира, се чувствувам и одговорно.

 

Мисла за крај?

 

Симона: Мислам дека многу важен дел од тоа да се биде графички дизајнер е да се обрнува големо внимание на работите што се случуваат во светот, на пример, дел од мојата работа и од моето секојдневие е постојано следење на новитети во сите области, мода, продукт дизајн, графички дизајн, архитектура…проучување на истите и учење нешто ново кое подоцна го користиме како почетна точка за нешто што ние би креирале.

Антонио: Неодамна прочитав една едноставна порака, која ме испровоцира и потсети дека секогаш може подобро, доволно е само да дадеме се од себе, а производот ќе говори сам за себе, “work better!”.

Иван: Се гледаме на час ^^





_______
Фотографија: Дејан Џолев

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: