Интервју: Алескандар Tрајчески, студент на академијата за Визуелни уметности.
Разговараме со Александар Трајчески, студент на академијата за Визуелни уметности, денес вработен како графички дизајнер во Маркетинг агенцијата McCann Skopje.
Мојот првичен план беше да учам графички дизајн со оглед на тоа што сум дипломиран маркетер, па од секогаш повеќе сум се пронаоѓал себеси во покреативниот дел на таа професија, меѓутоа кога дознав за Aкадемијата за визуелни уметности, спектарот на предмети што ги опфаќаше, многу повеќе се совпадна со мојот интерес за понатамошен профил на работа и, несомнено, беше вистинскиот избор за мене.
Со оглед на тоа што претходно немав речиси никакви технички познавања, можам слободно да кажам дека академијата ме воведе во светот на сите основни програми и методи на работа за овој тип на професија со кои во моментов се служам секојдневно.
Благодарение на Академијата, како дел од третиот семестар остварив практична работа во списанието „Портрет” каде што се стекнав со одредено искуство, а веднаш подоцна по препорака на академијата се вработив во компанијата каде што од секогаш сум посакувал да бидам дел, а тоа е маркетинг-агенцијата „Mccann Skopje” каде што во моментов работам како графички дизајнер.
Ги обожував часовите на Петар Павлов, бидејќи мислам дека е личноста која има големи познавања од својата област и од којашто може многу да се научи. Исто така, морам да го споменам и менторот Дејан Џолев, бидејќи беше задоволство да се биде дел од неговите предавања .
Од програмите на Adobe, можам да кажам дека Illustrator е алатката што најмногу ја усовршив и ја користам во моментов, за чиишто предавања беше задолжен менторот Зоран Кардула.
Често разговаравме со колегите за одредени идеи и остварување на домашни задачи што беа предизвикувачки и доста забавни.