Skip to content

АКАДЕМИЈАТА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН МЕ ДОВЕДЕ ТУКА КАДЕ ШТО СУМ ДЕНЕС



Интервју: Никола Јовановски, алумни-студент на Академијата за моден дизајн.

Разговарамe со Никола Јовановски, наш алумни-студент на Aкадемијата за моден дизајн, вработен во модната компанија „Bella“. 




За себе би кажал дека… сум личност која не сака етикети, креативец кој моментално работи како мoден дизајнер, односно еден од креaтивното дизајнерско дуо во модната компанија „Bella”.

Себеси не се доживувам многу сериозно, страствен сум за мојата работа, бидејќи го сакам тоа што го работам, имам постојан извор на мотивација којшто ме тера да дадам сѐ од себе.


Пред да ја започнам оваа кариера животот ми се состоеше од… собирање на информации, градење на ставови и мислења, градење стил, барајќи се себеси- емотивниот багаж којшто ми помогна да се изградам како личност.

Личност која е интроверт, не сум добар во „small talk”,  но затоа сакам да зборувам за идеи, да споделувам мислења и ставови.

Иако сум скептик, генерално во животот, се запишав на Академијата за моден дизајн  „Џолев и уметностите”, морам да признам помалку наивно и без никакви очекувања и гледајќи наназад, беше најдоброто нешто коешто сум го направил. Најдов колеги уметници, најдов ментори, најдов простор каде што се вклопувам и го направив свој.


Академијата за моден дизајн… ме доведе тука каде што сум денес, моето прво стажирање беше во „Bella” и беше добар почеток да видам како функционира модната индустрија. Се разбира практиканството не може секогаш да го направи она што тој или таа се надева или сака да го направи веднаш, но јас ја имав таа можност и ја грабнав.

words of advice –  Следи ги твоите најинтензивни опсесии безсмислено, важно е да имаш чувство за реалност- надворешниот свет е уште поголем културен шок, мора да бидеш приземен додека ја знаеш својата вредност.


Следно за мене е… кој знае 😀 Сигурно ќе продолжам да се занимавам со дизајн, но во која форма и облик не знам, но сум возбуден да откријам што ќе значи да си моден дизајнер во иднината.

 

Идеално за мојата кариера би било… да бидам искрен, отсекогаш сум сакал да станам креативен директор на некоја подзаборавена интернационална модна куќа, се восхитував на бунтовниците како Tom Ford што направи со Gucci во 90-тите, или денес, неговиот коунтерпарт Alessandro Michele, ме привлекува идејата да внесам нов дух во куќа со долга историја и да ги преведам нивните кодови, нивната филозофија современо и од свежа точка на гледиште.

Mој омилен ментор е… Ирина Тошева- два збора ЗВЕР-КА ! во најпозитивна смисла, иако се дружевме најкратко со неа ми остави импакт за цел живот. Ти Благодарам Ирина!!

Омилен час ми беше … Дополнителниот час што ние студентите го имавме интерно речиси после секое предавање. Главење до 12 по полноќ, дискутирајќи за многу работи… Тајните остануваат помеѓу нас. Ќе знаат, ова е за нив. Дечки, чекам да дигнеме револуција!

Омилен тренд во дизајнот ми е … ИНДИВИДУАЛНОСТ!

Уписите за новата генерација студенти на Академијата за моден дизајн е во тек! Погледни повеќе на овој линк.

АПЛИЦИРАЈ ЗА СТИПЕНДИЈА!

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: