Skip to content

Студентите на „Скала“ се вработуваат во најдобрите креативни агенции во градот!

На пауза од работа, седнавме на кафе со Стојче Ристова и поразговаравме за нејзиното досегашно работно искуство во креативната индустрија. 

 

Стojче е алумни-студентка на Академијата за UX/UI+ дизајн во „Скала“ и има широко распространети креативни способности. По завршувањето на Академијата, таа работеше во маркетинг-агенцијата „Division“ како UX/UI+ дизајнер, а сега е Copywriter во „McCann Skopje”. 

 

Ѝ поставивме неколку прашања за да ни ја раскаже нејзината приказна за тоа како од академија во „Скала“ стигна до работа во една од најдобрите креативни агенции во Македонија.

 

 

Работа во „McCann“ – една од најдобрите креативни агенции во индустријата

 

Стојче работи во „McCann Skopje” – основачот на македонската рекламна индустрија, којшто oбезбедува целосен спектар на маркетинг-услуги, почнувајќи од комуникациска стратегија и комуникациски менаџмент, креативна стратегија и креативни решенија, брендинг, односи со јавност, дигитални комуникации, промоции и настани и спонзорства. 

Во пошироки рамки, „McCann Skopje” е дел од „McCann Worldwide” – една од најголемите светски агенциски мрежи – со над 20.000 вработени во повеќе од 100 држави, препознаена како основач на модерниот модел на маркетинг-агенции и креатор на некои од најпознатите и најреномираните маркетинг-кампањи во историјата.

 

„Мојата задача е да го запознам производот/услугата и user персоната до најситни детали, со цел да напишам содржина или copy којашто ќе ја комуницира уникатната продажна вредност на брендот, додека истовремено ги адресирам потребите на корисникот“ – вели Стојче.

 

 

Академијата за UI/UX+ на „Скала“ ги учи студентите колку е важно темелно да се разберат потребите и очекувањата на корисникот

 

Стојче ни раскажа дека Академијата за UI/UX+ на „Скала“ ја научила за важноста на истражувањето и разбирањето на user персоната што е суштински дел од процесот на креирање успешен дизајн. 

 

„Оваа практика ја користам и денес во пишувањето copy или содржина. Научив колку е важно да ги разбереш потребите и очекувањата на корисникот пред да почнеш да пишуваш. Без разлика дали работам на дизајн или на пишување, секогаш го ставам корисникот во центарот на мојот процес и тоа е нешто што го научив токму на Академијата за UI/UX+ дизајн.“ – ни раскажа Стојче. 

 

 

Во тек се уписите на нови студенти за учебната 

2024/25 година. Погледни ја Академијата за UX/UI+ дизајн

 

 

Омилени проекти и љубов кон професијата 

 

Стојче не можеше да избере само еден омилен проект, бидејќи според неа, сите проекти си носат своја магија и предизвици на кариерното поле. 

 

„Секогаш се трудам да научам нешто ново од секоја задача, па така и прифаќам разни проекти со отворен ум. Најмногу уживам кога имам слобода да експериментирам со креативни и неочекувани идеи. Тоа ми дозволува да создадам нешто автентично и таквите моменти ме потсетуваат зошто си ја сакам работата!“ – вели Стојче. 

 

 

Другарски совет до идните студенти на „Скала“ 

 

Како алумни-студентка на Академијата за UX/UI+ дизајн на „Скала“, ја прашавме Стојче кој е нејзиниот број 1 совет до сите идни студенти на „Скала“. Накратко, таа им порача на идните студенти: 

 

„Don’t hold back. You miss 100% of the shots you don’t take“ 🙂

 


Среќни сме што студентите на „Скала“ имаат отворени умови, прифаќаат нови предизвици и се вработуваат во најдобрите креативни агенции во градот! 

 

Во рамките на Академијата за UX/UI+ дизајн, ќе ги усовршиш трите основни принципи на веб–дизајнот: вовед во веб–дизајн, UX и UI дизајн, како и методите на дизајн и фронтенд размислување. 

Ќе научиш како да создаваш визуелни решенија и UX/UI дизајни, користејќи најсовремени софтверски алатки како Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign и Figma, под менторство и во соработка со искусни професионалци од креативните индустрии

 

 

☆ 

Попустите за ран упис се сè уште во тек. 

Закажи средба!

☆  

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: