Skip to content

Запознајте ги менторите на Академијата за UX/UI+ дизајн!

Секој ментор на Академијата за UX/UI+ дизајн има своја уникатна приказна за дизајнерскиот пат, долгогодишната кариера и креативното искуство во индустријата.

 

За да ви ги доближиме нивните личности и успеси, одлучивме да ви ги претставиме нивните биографии, преку коишто ќе дознаете колку се значајни овие ментори во креативната заедница, кои се нивните професионални достигнувања и какво влијание имаат врз нашите студенти во „Скала“.

 

Ви ги претставуваме менторите на Академијата за UX/UI+ дизајн!

 

Петар Павлов

академија за графички дизајн ментори скала school

Петар Павлов е стратешки дизајнер, специјализиран во областа на развојот на бренд и дизајн на пакување. Но, и танго танчер. Студирал на Академија Италијана, а уште пред да дипломира, веќе бил активен во маркетинг агенцијата McCann. По неколкугодишно искуство и работејќи со клиенти како Coca Cola, Bacardi, Nestle, Raiffeisen, тој станува витален дел од агенцијата, станувајќи креативен директор. Работел со иновативни стартапи, компании, претприемачи, но и во различни индустрии и агенции.

Тој е креатор на познатата платформа и фејсбук група Creative Exchange која бележи огромна посетеност и корисничка активност, придонесувајќи за подобрување и проширување на креативната размена на знаења во Македонија. Активен фотограф, кој „лови“ секојдневни и несекојдневни мигови на светската мапа. На часовите секогаш пристигнува од друга часовна зона.

 

 

Дејан Џолев

академија за графички дизајн ментори скала school

Човек што прави сè и насекаде. Главна и движечка сила, или како што би рекол Драги (Неделчевски) – Spiritus Movens во Скала и Скала магазин. Мултидисциплинарен артист и активист, во вечна потрага по нови идејни решенија за подобра уметничка и дизајн сцена и развој на образованието. Дејан Џолев можеби го знаете од подкастот „Будење“ или како фотограф кој не фотографира 😀 Освен што е визуелен уметник, тој е и филмски режисер по вокација и интуиција. Креативец кој градел искуство во повеќе маркетинг и адвертајзинг агенции.

Од 2012та е предавач и ментор во неформалното образование од областа на дизајн, фотографија и филм, области за кои има и формално универзитетско образование. Основач и сопственик на „Скала“ [поранешно „Џолев и уметностите“] Школата за дизајн и технологија.

Тој е уметник со многу свои претставувања од различни дела дома и во странство. Последна фотографска изложба му е „Тркалезни форми”, поставена во Галерија Прима Центарот во Берлин, Германија.

 

 

Благој Ѓелевски

академија за UX/UI дизајн скала school ментори

Благој Ѓелевски е веб-дизајнер, консултант за SEO-оптимизација и дигитален маркетер со над 7 години искуство. Има изработено повеќе од 100 веб-страни за клиенти од целиот свет (САД, Европа, Австралија).

Неговото знаење и постигнати резултати го поттикнале да ја основа Агенцијата за дигитален маркетинг „Tivius“ којашто нуди услуги како веб-дизајн, SEO и дигитален маркетинг.

Од 2014 година, Благој е коосновач и на Квантум Прима, невладина организација од Кавадарци којашто се фокусира на претприемништво, вработување на млади, образование и иновации.

Неговата омилена активност надвор од работата е поминување време со неговата 8-месечна ќерка и планинарење.

 

 

Во тек се уписите на нови студенти за учебната

2024/25 година.

 

 

Стефан Стојковски

академија за UX/UI дизајн скала school ментори

Стефан Стојковски е Lead и Senior UX/UI дизајнер со над 15 години искуство во технолошката индустрија. Последните три години работи во Valtech каде што е Lead UX/UI Designer, UX Craft Lead и Team Manager. Соработувал со компании како Philips и Mercedes Benz, а моментално работи за Amcor и ABB Robotics.

Интересно за Стефан е што двапати во својата кариера бил на „Ц“ позиции – прво како сопственик и основач на своја компанија на 19 години и потоа како генерален директор и претседател на Управен одбор на 23 години.

Оттогаш, има променето многу работни места и позиции (UI/UX дизајнер, графички дизајнер и арт-директор во компании како Devsy, Codeart, ByteWorx GmbH и многу други), но секогаш и секаде фокусот му останува насочен кон корисникот и корисничкото искуство.

Надвор од работата, Стефан ужива во други активности, како што се: изработка на макети на авиони и хеликоптери, собирање уникатни мали возила и одгледување дрвја и растенија (цитруси, банана, маслинки, фикуси и неколку бонсаи дрвца).

 

 

Погледни ја Академијата за UX/UI+ дизајн на „Скала“

 и инвестирај во својата кариера.

 

 

Игор Георгиоски

Игор Георгиоски е Senior Web Developer, Designer и косопственик на QodiX, старт ап кој успешно ги претвора идеите на клиентите во успешни бизниси и производи. Тој е и коосновач на Linara Production, продукција специјализирана за алтернативна свадбена фотографија и корпоративни видеа.

Има работено како дизајнер на Fiverr каде што добил над 200 позитивни рецензии со највисоки оценки.

Со своето искуство како програмер и тимски лидер, активно учествува во организирање на хакатони, конференции и индустриски настани. Ужива во менторство и споделување на знаење, а неговата пасија е да создава прекрасна култура и развој во организацијата.

 

 

Ги поздравуваме и другите ментори без кои не би била комплетна оваа листа: Зоран Кардула, Бранко Кордовски, Влатко Ристов, Крсто Златков и Кристина Крагујевска!

 

 

Попустите за ран упис се сè уште во тек.

Закажи средба!

☆ 

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: