Skip to content
александар стевананџија-скала-џолев-академија-за-графички-дизајн

Од Академија за графички дизајн до тим-лидер на долгорочен проект

На кафе-пауза, се сретнавме со Александар Стевананџија и поразговаравме со него за неговата кариера и досегашните работни успеси. Како алумни-студент на Академијата за графички дизајн во „Скала“, Александар за брзо време го пронајде своето место во компанијата „X Gate“, а неодамна стана и тим-лидер на долгорочен проект на компанијата.

 

Му поставивме неколку прашања за да ни ја раскаже неговата приказна за тоа како од академија во „Скала“ стигна до одлична работна позиција!

 

Од Академија за графички дизајн до лидерска позиција

Стевананџија го започна разговорот со нас, раскажувајќи ни дека за само една година, постигнал големи кариерни успеси.

 

Во период од само една година, успеав да научам многу повеќе од очекуваното. Во моментов, јас сум тим-лидер на долгорочен проект, а истовремено работам и како графички и веб-дизајнер. – вели тој.

 

Инаку, компанијата „X Gate“ во којашто работи Стевананџија се фокусира на софтверско инженерство, веб-девелопмент, Saber Security и сите аспекти поврзани со веб-технологии, а има и сектори за content writing и SEO.

 

 

Академијата е од особено значење за развојот на студентите

Александар ни сподели дека Академијата за графички дизајн на „Скала“ има голем придонес во неговиот професионален развој, не само со совладување на дизајнерските алатки, туку и во начинот на размислување, гледање и решавање на проблемите.

 

И најважно од сè, Академијата ме научи на правилата коишто секогаш мора да се почитуваат, независно од клиентот. – додава Александар. 

 

Во рамките на Академијата за графички дизајн, студентите имаат уникатна можност да се здобијат со практични знаења и вештини од областа на типографија, илустрација и фотографија. Преку користење на најсовремените софтверски алатки како Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign и XD, студентите учат како да креираат иновативни графички решенија, вклучувајќи визуелен идентитет, амбалажа, маркетинг-материјали и UX/UI-дизајн. Сето тоа се случува во соработка со искусни професионалци од креативната индустрија кои несебично го споделуваат своето знаење и искуство и ги поттикнуваат студентите да бидат креативни!

 

Александар Стевананџија академија за графички дизајн скала djolev and the arts

 

 

Погледни ја програмата на Академијата за
графички дизајн
на „Скала“

 

 

Брендинг за компанија – омилен проект на Стевананџија

Го прашавме Александар кој е неговиот омилен проект на којшто досега работел, а тој ни раскажа дека неговиот омилен проект бил оној во којшто главната задача вклучувала креирање на брендинг за компанија.

 

Процесот беше превозбудлив, особено од аспект на истражување и решавање на секој нов предизвик којшто се појавуваше. Креирањето на бренд-идентитет и бренд материјали – како реклами, содржини за социјални медиуми и дизајн на облека – е мојата најголема пасија во дизајн-светот. – вели Стевананџија.

 

 

Другарски совет до сите идни студенти на „Скала“

Имам еден совет за сите студенти: креирајте свои проекти, вклучете се во што повеќе активности и бидете присутни на сите настани! П.С. Секоја домашна работа, изработувајте ја на 3 различни начини! – им порачува Александар на сите идни студенти на „Скала“.

 

Академијата за графички дизајн на „Скала“ се истакнува со најголем фонд на часови и најобемен тим на ментори.

Студентите имаат можност да ги слушаат предавањата по предметите: Естетика и историја на уметност и дизајн, Цртачки и сликарски техники, Фотографија, Постпродукција (Adobe Photoshop), Илустрација (Adobe Illustrator), Типографија (Adobe InDesign), Графички дизајн, Методологија на дизајн, UX/UI-дизајн (Figma), Дизајн-размислување, Социјални медиуми, Технологија на печат.

На крајот од Академијата, студентите го имаат и предметот Кариера и интелектуална сопственост којшто ги поврзува студентите со индустријата и ги подготвува за нивната прва пракса и вработување.

 

 


Попустите за ран упис се сè уште во тек.
Закажи
средба!

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: